1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Бурж Дубаи“- највисок облакодер на светот

Без оглед на огромните долгови, емиратот Дубаи реши денеска (04.12.2010) луксузно да го прослави отворањето на својот најнов престижен објект. „Бурж Дубаи“, со 818 метри, е највисокиот облакодер во светот.

default

Човечка рака досега не изградила ништо повисоко

Во споредба со новото здание, другите облакодери во Дубаи изгледаат како чепкалки за заби. „Бурж Дубаи“ е речиси триста метри повисок од досега највисокиот облакодер во светот, „Тајпеј 101“, подигнат во Тајван. Ова стана изводливо благодарение на новиот начин на изградба, вели Американецот Вилијам Бејкер, главниот инженер на проектот:

„Облакодерот е составен од три столба, кои се споени на централната оска, како кај ветерниците. Секој столб ги крепи другите два. Во средината се наоѓа шестоаголна оска, каде се сместени лифтовите. Таа е многу стабилна и спречува нишање на кулата.“

При поставувањето на темелите, се` уште не беше јасно колку ќе биде висока оваа кула. Фирмата-сопственик постојано инсистираше, повисоко, повисоко, повисоко - и Бејкер сфати дека со новиот начин на изградба, облакодерите можат да бидат уште поголеми.

Повисоко - можеби по пет години

Burj Dubai Schatten

Панорамски поглед од 124 кат

Зградата е тенка и елегантна, фасадата свети. Ова е новата икона на Дубаи, вели Шаун Кила, познат локален архитект:

„Средината во која се наоѓа облакодерот е многу важна. Кога вакво здание ќе се изгради во град, во кој веќе има облакодери од по 50, 60 или 70 катови, а има еден кој е два или трипати повисок, дури тогаш човек сфаќа колку е тој навистина висок.“

Повисоко од ова не може, барем засега, вели главниот инженер Бејкер.

„Ценам дека ’Бурж Дубаи’ најмногу уште пет години ќе биде највисоката зграда во светот, мислам дека потоа ќе се открие нов начин да се градат повисоки градби. А ’Бурж’ не смее да биде крајот на ваквиот развој, туку само уште еден чекор напред.“

Туристите, пак, со лифт што се движи со брзина од десет метри во секунда, можат од 124 кат да уживаат во панорамскиот поглед врз Дубаи. За облакодерот да му донесе што е можно повеќе пари на градот, неговиот влез е претворен во шопинг-центар.

Автор: Карстен Кинтоп / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска