1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бура во Северното море

*

Во Северното море беснее една од најголемите бури во последните 20 години. На крајбрежјата на Холандија и Велика Британија им се закануваат и поплави. Холандското пристаниште Ротердам, најголемо во Европа, е затворено. Британската влада издаде предупредување за невремето за делови од Шкотска и англискиот јужен брег, а евакуирани се повеќе стотици лица. Пред брегот на Норвешка од безбедносни причини затворени се неколку нафтени платформи. Издадено е предупредување и за Германија, на чиј брег се очекувааат бранови со висина до 3 метри над нормалата.