1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бунт во Гвантанамо

Тензиите во американскиоот затвор во Гвантанамо се зголемуваат. По повеќенедeлниот штрајк со глад на дел од затворениците, сега чуварите мораа да испукаат гумени куршуми за да смират протест на затворениците.

Според наводи на САД, затвореници во Гвантанамо почнале да ги покриваат камерите за набљудување, прозорците и ѕидовите од стакло кои ги раздвојуваат просториите за групен престој. Кога чуварите имале намера тоа да го прекинат, дел од затворенциите ги нападнале со рачки од метли и друго импровизирано „оружје“, соопшти портпаролот на американската управа на затворот, Роберт Дуранд. Чуварите потоа испукале повеќе гумени куршуми. На двете страни има неколку лица со полесни повреди. Затворениците, на крајот, биле однесени во ќелии за самци.

Во Гвантанамо од февруари голем број затвореници штрајкуваат со глад. Колкав е точно бројот на штрајкувачи, е непознато. Адвокатите наведуваат дека во меѓувреме мнозинството од 130 затвореници во Кампот 6 се дел од штрајкот со глад, додека Пентагон зборува за 43-ца штрајкувачи. Според официјални наводи, 11-мина од штрајкувачите добиваат храна принудно.

Протест против безизлезната состојба

Затворениците својата акција ја образлагаат со тоа што чуварите при претресот на нивните ќелии не постапувале како што треба со книгите на Коранот. Претставници на правосудствто, армијата и на организациите за човекови права, во штрајкот со глад гледаат и протест на затворениците против нивната безизлезна состојба.

Во Гвантанамо од 2002 година се затвораат лица осомничени за тероризам, на кои им се припишува поврзаност со терористички групи како Ал Каеда. Тие се интернираат без судска постапка. Американскиот претседател Барак Обама пред неговиот избор во 2008 година вети затворање на Гвантанамо, но Конгресот не дава финансиски средства за тоа и блокира префрлање на затворениците во САД. Во Гванатанам во моментов има 166 затвореници. На почетокот беа затворени 779 лица.

Пред два дена, 25 организации за човекови права, во отворено писмо до Обама апелираа да преземе мерки во врска со Гвантанамо и преостанатите затвореници, доколку и натаму не им се суди, да бидат префрлени во татковините или во трети земји.