1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бунтот на џуџињата и молкот на канцеларката

Германската канцеларка Ангела Меркел има проблем-критичари од нејзината ЦДУ во отворено писмо го критикуваа стилот на раководење. Членови на раководството на ЦДУ се обидуваат што побргу да ја смират разгорената дебата.

default

Ангела Меркел е се‘ уште најомилена политичарка во земјата

Канцеларката Ангела Меркел, со тесна предност, се` уште е најомилената политичарка во Германија. Меѓутоа, за првпат, политичари од нејзината Христијанско-демократска унија излегоа во јавноста со директна критика. Меркел го запоставува традиционалното конзервативно гласачко тело, критикуваа тие во отворено писмо. Меѓу овие политичари е и шефот на пратеничката група на ЦДУ во покраинскиот парламент на Тирингија, Мајк Моринг:

„Писмото кое го напишавме, пред се` е апел за јасен политички профил на партијата, кој води сметка за нашите христијанско-социјални корени, и кој ги зема предвид нашите либерални, но пред се` конзервативни корени.“

Критикуваат сопартијци од вториот ешалон на ЦДУ

Иако меѓу авторите на писмото се наоѓаат политичари пред се` од вториот ешалон во ЦДУ, главно пратеници во покаинските парламенти, тие, сепак, го артикулираат растечкото незадоволство во конзервативната Христијанско-демократската унија од курсот на модернизација на Меркел и слебеењето на поврзаноста со христијанските цркви и нивните вредности. Шефот на пратеничката група на ЦДУ во парламентот на покраината Саксонија, Штефен Флат бара од Меркел повторно да се сврти кон традиционалните гласачи на партијата:

„Се разбира дека сме незадоволни, дека канцеларката и претседателка на партијата досега во таа насока покажа малку профил.“

Бледост и нејасен политички профил

Политичкиот магазин „Шпигел“ во меѓувреме говори за

Angela Merkel vor CDU Logo

Дел од членовитена ЦДУ ја критикуваат Меркел дека покажала малку профил

„борба на културите“ во ЦДУ. Ангела Меркел на крајот на неделава, на средбата на партиското раководство, треба да ја презентира долго време одложуваната анализа на загубата на гласови на последните парламентарни избори. На нив ЦДУ го забележа најлошиот резултат по 60 години и сега владее со државата пред се` благодарение на добриот изборен резултат на коалицискиот партнер, либералите. Во отвореното писмо, критичарите на Меркел ја обвинуваат дека во предизборната кампања таа испраќала бледи пораки и настапувала без јасен политички профил.

Политичарите од првите редови на ЦДУ ја бранат Меркел

Во одбрана на Меркел, во меѓувреме, се вклучија членови на повисокото раководство на нејзината партија, кои секаат по секоја цена да ја стивнат јавната дебата која се води за стилот на раководење на канцеларката:

„Се разбира дека секој придонес во дискусијата за политичката линија на една партија е в ред, но ако се објавува на ваков начин, тоа повеќе ќе придонесе кон задушување на дискусијата“, порача германскиот министер за внатрешни работи од редовите на ЦДУ, Томас де Мезиер.

Инаку, се` повеќе спорен станува и раководниот стил на Ангела Меркел во владата. Пред се` либералите говорат дека канцеларката негува президијален стил и одбегнува директно да се соочи и да покаже раководна решителност со проблемите кои постојат во рамките на коалицијата.

Автор: СН/ТТ/БГ/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема