1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бункерот против Чешка, пробиен во финишот

Македонската фудбалска репрезентација не издржа на притисокот и во финишот од вчерашниот натпревар во Скопје загуби од петто рангираната селекција во светот Чешка со 2:0, во рамки на квалификациите за Светското фудбалско првенство кое во 2006 треба да се одигра во Германија.

Вратислав Локвенц и Јан Колер беа стрелците за чешка во последните две минути од натпреварот.

Германската фудбалска репрезентација пак продолжува со добрите настапи под диригентската палка на селекторот Јирген Клинсман . Иако како домаќин на светското првенство во 2006 година, не учествува во квалификациите, Германија интензивно се подготвува. Во пријателски натпревар националниот тим вчера го совлада Камерун со 3:0

Во одлична фудбласка атмосфера на стадионот во Лајпциг избраниците на селекторот Јирген Клинсман покажаа дека се наоѓаат во одлична форма. Кевин Курањи и на двапати Мирослав Клосе беа стрелците за германската репрезентација за радост против силната репрезентација на Камерун, под водство на германскиот тренер Винфрид Шафер. Актерите секако задоволни од добриот настап

“Да, сензационално! Фантастична публика не поддржуваше, мислам дека и ние прикажавме одлична игра, изјави веднаш по натпреварот Михаел Балак.