1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Бундестагот ја одобри помошта за Кипар

Коалицијата и опозицијата во германскиот парламент, Бундестагот, дадоа зелено светло за финансискиот пакет помош на Тројката за спас на Кипар. Германскиот удел изнесува 2,6 милијарди евра.

По повеќенеделни жестоки дискусии за кредитот за помош на Кипар во висина од десет милијарди евра, во Бундестагот беше постигнато јасно мнозинство од 487 гласа „за“. Потврда дадоа пратениците од владејачките Христијанско-демократска и Христијанско-социјална унија и Либералите, така и од опозиционите Социјалдемократи и Зелените со мали исклучоци. Со тоа германскиот претставник во Советот на гувернерите на Европскиот механизам за стабилност ЕСМ, на 24 април можат да се согласат со барањето за финансиска од Кипар. Во Бундестагот 102 пратеници гласаа против, меѓу нив целата пратеничка група на Партијата на левите. Нивниот шеф, Грегор Гизи, ја критикуваше Тројката, односно претставниците на Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, за предложената пропграма за финансиски спас, зашто ќе води кон приватизација на државните претпријатија кои носат профит, кон кратење на пензиите и отпуштања на вработени на Кипар.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле наспроти овие критики  укажа на фактот - без финансиска помош, во која Германија треба да партиципира со 2,6 милијарди евра, Кипар стои пред државен банкрот, од кој произлегува опасност и за останатите евро-земји. Барањата на тројката се и „спласнување во разумни подносливи граници“ на предимензионираниот кипарски банкарски сектор, истакна Шојбле. Според плановите на Тројката, Кипар треб ада го консолидира својот државен буџет и истовремено во голем дел да се откаже од деловниот модел како даночен рај. Според Шојбле, примерот на Кипар е патоказ за во иднина: оној кој по потрага по високи камати оди на одредени места, мора да ги сноси и рзизиците поврзани со тоа. При банкрот на банките, за џебот треба да се фатат прво сосптвениците, потоа странските кредитори и потоа до извесна граница штедачите. Дури потоа смеат да се вклучат државите или државните заедници.