1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бундеслига: Сезона на рекорди

Бајерн Минхен сезонава не ја освои само титулата, туку оствари и низа рекорди. Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт се пласираа во Лига Европа. Фортуна Диселдорф и Гројтер Фирт пак од наредната сезона играат во втората лига.

Најрано освојување на титулата: 28. коло. Најран есенски првак: 14. коло. Најмногу победи во сезона: 29. Најмногу победи на гости: 15. Најмногу победи без противнички погодок: 21. Најмал број порази: 1. Најмногу освоени бодови: 91. Најмногу бодови освоени на гостувањата: 47. Најдолга серија победи: 14 натпревари. Најголема разлика од второпласираниот: 25 бодови. Најголема разлика во постигнати и примени голови: плус 80. Најмалку примени голови: 18. Најмалку примени голови на гости: 4.

Fußball Bundesliga 34. Spieltag Borussia Mönchengladbach - FC Bayern München Jupp Heynckes

Јуп Хајнкес беше креатор на рекордната сезона на Бајерн

Сите овие рекорди во Бундеслигата во сезоната 2012/ 2013. ги постигна Бајерн од Минхен. Тоа предизвикува почитување дури и кај неговите најголеми противници. Овој клуб за 50 години постоење на Бундеслигата речиси секогаш играл за самиот врв на табелата и има освоено 23 титули германски првак. Но оваа сезона беше нешто посебно: противниците немаа ама баш никакви шанси. Бајерн беше доминантен и непобедлив. Освен еден единствен пат: во деветото коло,  кога загуби 1:2 против Бајерн Леверкузен.

Борусија Дортмунд - единствениот сериозен противник

И тоа беше една од ретките особено светли точки оваа сезона за Бајерн Леверкузен. Тој, како и обично, играше солидно, но не повеќе од тоа. Тоа беше доволно за освојување на третото место и со тоа за квалификација во Лигата на шампионите. Слично беше и со Шалке 04. Единствен сериозен противник на семоќните Баварци беше Борусија од Дортмунд. Но, дури и овој освојувач на титули во изминатите 2 години не успеа да внесе возбудливост и неизвесност во оваа сезона. Па сепак, Борусија се‘ направи како што треба, се концентрираше на Лигата на шампиони и сега е во финалето. Секако, против Бајерн.

champions league finale 2013

Борусија Дортмунд и Бајерн Минхен играат во финалето на Лигата на шампионите


Треба да се пофали и СЦ Фрајбург, иако во последното коло во директниот двобој за четврттото место (кое обезбедува квалификации за Лигата на шампионите) загуби од Шалке. Но, за Фрајбург петтото место е историски резултат. Овој клуб за прв пат во својата историја ќе игра во Лига Европа. Сезоната позитивно заврши и за Ајнтрахт од Франкфурт. Стигнувајќи директно од втората лига овој клуб го освои одличното шестто место и со тоа  успеа да ги потисне ривалите Хамбургер СВ и Борусија Менхенгладбах од местата кои носат пласман во Лига Европа.

10 тренери мораа да заминат

И Вердер Бремен сакаше да се пласира на меѓународната фудбалска сцена. Наместо тоа до претпоследното коло мораше да стравува за останување во првата лига. Последица: за тренерот Томас Шаф тоа беше последна сезона во Бремен. И тоа по 14 години. Многумина тешко можат да го замислат Вердер без Шаф. Па сепак, ерата на легендарниот тренер во Бремен оваа сезона е завршена.

Trainer Schaaf verlässt Werder Bremen

По 14 години Томас Шаф мораше да го напушти Вердер


Тоа беше една од десетте промени на тренери во текот на сезоната. Само ТСГ 1899 Хофенхајм промени тројца ( Маркус Бабел, Марко Курц и Маркус Гисдол). И покрај тие промени Хофенхајм успеа да ги сочува нервите токму последното коло кога стануваше збор за неговиот опстанок во лигата. И се избори за дополнителниот плејаут за опстанок, во кој ќе игра двомеч  против 1. ФЦ Кајзерслаутерн, третопласираниот тим во втората Бундеслига.

Фортуна немаше среќа

Фортуна од Диселдорф, без разлика на значењето на името, немаше среќа. Таа ниту во едно коло сезонава не беше на последните места на табелата , од кои по завршувањето на сезоната директно се заминува во втора лига. Се' до последното коло. Можеби токму тоа и беше проблемот. Диселдорф очигледно не сметаше дека неговиот пласман би можел да се промени практично во последен час. За разлика од Фортуна, Гројтер Фирт веќе по 31. коло знаеше каква судбина го чека. Во целата сезона своите верни навивачи не ги израдува со ниту една победа дома. Навистина, победи во четири натпревари, но само на гостувањата

Fußball Bundesliga 34. Spieltag Hannover 96 - Fortuna Düsseldorf

Фортуна Диселдорф го прокоцка опстанокот во лигата


Од Бундеслигата по завршувањето на оваа сезона ќе се збогува и легендарниот Јуп Хејнкес. Тој како играч и тренер го задолжи германскиот фудбал и сега заминува откако со Бајерн ги оствари сите горе набројани резултати и рекорди. А Баварците сега се подготвуваат за уште еден рекорд, за можното освојување на сите три титули оваа сезона. Покрај титулата германски првак сега се многу блиску и до освојување на Лигата на шампионите (25.5.) и на германскиот Куп (1.6.). Ако сето ова им успее, ќе биде тоа за прв пат во историјата на германскиот фудбал сите три титули да бидат обединети кај еден клуб.

Рекорден трансфер

ARCHIV - Borussia Dortmunds Mario Götze trainiert am 22.11.2011 im Emirates Stadion in London mit der Mannschaft. Mit einem finanziellen Kraftakt will Borussia Dortmund Rekordmeister Bayern München Paroli bieten. Die Verpflichtung von Reus ist der zweitteuerste Transfer der Vereinsgeschichte. Mit Götze soll der Neuzugang ein Traum-Duo bilden. Foto: Friso Gentsch dpa/lnw (zu dpa-Korr.: «BVB: Mit Reus und Götze auf Bayern-Jagd» vom 05.01.2012) +++(c) dpa - Bildfunk+++

Марио Геце

За многумина најемоционален момент оваа сезона во Бундеслигата сигурно беше веста за идната промена на клупските бои на Марио Геце. Овој 21-годишник во моментов е најголемиот талент на германскиот фудбал и со 37 милиони евра го забележа најскап „германски“ трансфер во Бундеслигата. Од наредната сезона повеќе нема да игра за Борусија Дортмунд туку токму за нејзиниот најголем ривал Бајерн. Многу критичари веќе зборуваат за „шкотски услови“ во Бундеслигата. Имено, Селтик Глазгов, по заминувањето на неговиот најголем противник Глазгов Рејнџерс од првата лига поради финансиски проблеми, практично остана без конкуренција и по 44. пат ја освои титулата на шкотски првак. Но добро, Бајерн е се' уште далеку од тоа. Му недостигаат уште 21 титула.