1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бундеслига: Навивачка култура и насилство

Секој викенд во Германија се придвижува море од фудбалски навивачи. Но покрај екстравагантните кореографии и шарените знамиња , навивачката сцена има и мрачна страна: насилството и безредијата.

Во првото коло на првата сезона во Бундеслигата навивачите доаѓаа во костуми и беа веднаш до теренот. Табли со реклами и огради се’ уште немаше.

Од 1970-те години натаму стадионите во Германија беа поделени во блокови и разделени со мрежи.

Тука на трибините, каде погледот е најлош и влезниците најевтини, се собираше младата навивачка сцена. Тука тие можеа да се изживеат ослободени од општествените стеги.

„Фудбалот во 1980-те беше спорт каде танцуваше пролетеријатот. Тоа беше главната порака. Фокусот беше таков - таму не се оди, тоа е по малку срамно, таму луѓето се однесуваат малку недоделкано“, вели Герд Дембовски, автор и истражувач на навивачката сцена.

Ултрас - чувари на клупскиот идентитет

Но, навивачката сцена стануваше уште погруба. Хулиганите предизвикуваа насилство и тепачки пред, за време и по натпреварите.

„Тоа повеќе не е фудбал.Тоа се само тепачки меѓу навивачите“, се жалеа многу навивачи во 1980-те.

Во 1990-те состојбата се подобри, благодарение на навивачките проекти. Но, и комерцијализицијата напредуваше и ги исфрли на површина т.н. ултраси. Тие се гледаат себеси како чувари на фудбалската традиција и на клупскиот идентитет.

„Од една страна тие се совеста на фудбалскиот клуб. Од друга страна, пак, секогаш одново се испречува она нескротливо нешто во младинската култура, каде станува збор за тоа: ние сме црвените, а вие зелените и затоа си ги крадеме навивачките шалови, а понекогаш и ќе се истепаме“ вели Дембовски.

Ултрасите го живеат фудбалот - понекогаш и спротивно на законот. Но, и тие се дел од шоуто и се грижат за екстравагантните кореографии, со кои Бундеслигата се краси секоја недела. Така, навивачката култура во Германија ги нуди и двете нешта: прекрасна атмосфера, но понекогаш и безредија.