1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бундеслига -Вердер чекори сигурно, Баерн се поврати од шокот во Купот

Коло на задоволство на гостинските екипи - тие остварија три победи и два нерешени резултата во втората рунда од пролетниот дел на првенството. Стрелците долго се загреваат - по слабата ефикасност во претходното коло, и сега на викендот не беа претерано расположени, при што од 25-те голови дури 18 се остварени во второто полувреме. Вердер несопирлив, порази на Штутгарт и Баер Леверкузен, тоа се накусо карактеристиките на 19-тото првенствено коло. Фудбалерите на Вердер од Бремен успеа да го зацрвстат водството на табелата во Бундеслигата , откако во драматичниот саботен натпревар во Менхенгладбах успеја да ја совладаат домашната Борусија со 2:1. Натпреварот беше решен во последната минута, кога капитенот на Вердер , одбрамбениот играч Франк Бауман , постигна гол со што беше направен комплетен резултатски пресврт со оглед дека Борусија водеше по 51 минута од натпреварот со 1;0 .Бауман иако задоволен по натпреварот, смета дека до целта , значи титулата сеуште претстои долг пат. "Ах сеуште тоа е една многу , многу долга сезона , со многу , многу натпревари. Ние стоиме добро во моментов , но имаме уште многу да направиме , не смееме да дозволиме невнимателност , и во спротивно останатите екипи ќе не стигнат навистина бргу и ќе не надминат". Инаку Вердер ги одигра со играч помалку последните 20- ина минути од натпреварот , кога Борусија изврши и голем притисок на теренот. Поразот беше големо разочарување за тренерот Хоглер Фах. "Мене ми е жал за екипата. Мислам дека во второто полувреме одигравме добро. Тие пробаа се но не беа наградени . Напротив дури беа и казнети". Веднаш зад Вердер по 19 коло од Бундеслигата се најде Баерн од Минхен , кој се поврати од навистина непријатнит шок кој го доживеа во натпреварувањата од Купот, кога беше елиминиран од второлигашот Алеманиа од Ахен. Зе Роберто, Макај и Балак , беа казнената експедиција на баварците за Хановер , кој успеа да го ублажи поразот со голот на Свитлица. Штудгарт и Баер од Леверкузен останатите кандидатите за годинешната титула, загубија во темпото . Последно пласираната Херта во Берлин освои значајни бодови во борбата за опстанок откако со голот во последните минути на Фреди Бобиќ во неговиот 250-ти настап во Бундеслигата , го совлада Штудгарт. И баер но дома во Леверкуен претпрпе пораз од еден фенерџија -Ајнтрахт од Франкфурт со 1:2. Кога станува збор за фенерџиите , Кајзерслаутерн успеа во дербито на дното со новиот тренер Курт Јара минимално да го совлада Келн . Најмногу голови во 19-коло беа постигнати во Волфсбург каде што домашната екипа беше поразена од Борусија од Дортмунд со 4;2 , и Ханза постигна четири, од кои три во последните 15 минути и дома во Росток успеа да го совлада Фрајбург. Екипата на Шалке која во последните пет кола освои 13 бодови малку забави по натпреварот без голови со Минхен 1860 во Гелзенкирхен , а нерешениот исход 1;1 во Хамбург за Бохум , најголемото изненадување во досегашниот тек од првенството значеше задржување на 5-то место на табелата.