1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бундеслигата викендов ќе „оди по својот пат“

Сите 18 бундеслигашки клубови претстојниот викенд ќе настапат без реклами на дресовите. Наместо имињата на спонзорите, играчите на дресовите ќе го носат слоганот за интеграција „Оди по својот пат“.

Мултимилионските спонзорски договори во германската фудбалска Бундеслига викендов ќе бидат на второ место, а секој тим на теренот ќе носи дресови кои ќе промовираат интеграција и заедништво. Дури и топките кои ќе се користат на натпреварите ќе бидат сменети и на нив во следните седум дена ќе пишува „Оди по својот пат“.

„Овој симбол на интеграцијата ќе стигне до милиони луѓе“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, под чиј патронат се развива иницијативатал.

„Кога станува збор за интеграцијата, нема подобар партнер од фудбалот“, рече Меркел. Фудбалери од 66 земји настапуваат во Бундеслигата.
„Спортот и особено фудбалот можат да бидат моторот на интеграцијата. Наследството, религијата и бојата на кожата никогаш не треба да бидат проблем“, рече Ули Хенес, претседател на Бајерн Минхен.

Bundeskanzleramt Merkel Integration Aktion Geh deinen Weg

Промоција на кампањата за интеграција

Дебатата за интеграцијата доби на тежина во текот на неделава откако еден фудбалер од Бундеслигата во анонимно интервју призна дека е хомосексуалец, но рече дека стравува од последици доколку тоа јавно го признае. Досега ниту еден фудбалер во Бундеслигата не признал јавно дека е хомосексуалец.

„Порано или подоцна тоа ќе се случи. Не можам да замислам дека некој наш фудбалер би имал проблем со навивачите доколку го признае тоа“, убеден е Хенес.

Канцеларката Меркел исто така изрази поддршка за фудбалерот.

„Тој живее во земја во која не треба да се плаши да открие такво нешто“, порача Меркел.