1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бундесверот ќе ја заштитува Турција

Германскиот парламент денеска го изгласа планираното стационирање на германски против-воздушни ракети „Патриот“ во Турција. И покрај критичките гласови во Бундестагот, ангажманот е одобрен.

Германскиот парламент Бундестагот неделава се занимава со поставувањето на системите на германската армија Бундесверот за против-ракетна одбрана од типот „Патриот“ во Турција. Целта е, како што се наведува, да се спречат напади од Сирија. По одлуката на земјите членки на НАТО на 4 декември со која на барање на Турција е одобрено стационирање на ракетите „Патриот“ во оваа земја, германскиот министер за одбрана Томас де Мезие, меѓу другото истакна: „Поддршката за Турција, пред се’ од дефанзивен карактер. Нејзина цел е воено предупредување. Во турското барање и во нашата согласност да ја исполниме таа задача јасно може да се прочита дека овој ангажман во никој случај нема да служи за надзор на зона за забранети летови“, истакна Де Мезие.

„Сериозна одлука за сериозна ситуација“

Thomas de Maiziere mit Patriot Raketensystem Archivbild

Германскиот министер за одбрана Томас де Мезие

И германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле исто така не допушти простор за сомнеж кога станува збор за дефанзивниот карактер на ангажманот: „Ова е сериозна одлука за многу сериозна ситуација. Таа е се’ друго освен рутинска одлука и затоа е добро тоа што за одобрување на оваа одлука ќе ги прашаме пратениците во германскиот Бундестаг. Ние сме членка на воена алијанса, а една од првите и најважни обврски кон НАТО е да се покаже кога е потребно солидарност кон партнерите во сојузот. Поради судирите во Сирија имено веќе имаше жртви и во Турција“, изјави шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле.

Тој исто така истакна дека германските војници нема да учествуваат во воени судири. Германските ракети за против-воздушна одбрана од типот „Патриот“ ќе служат исклучиво за предупредување за сириските воени сили. Тие е планирано да бидат распоредени во Турција на почетокот на наредната година. На границата меѓу Сирија и Турција која е долга 900 километри со месеци наназад има вооружени тензии и треба подобро да биде заштитена. „Германија во никој случај не учествува во планови кои би довеле до воена интервенција“, нагласи шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле.

Најмодерни системи

Покрај Германија системи за против-воздушна одбрана од типот „Патриот“ во Турција ќе стационираат и САД и Холандија. Токму овие три земји располагаат со најмодерната верзија на овој систем за противракетна одбрана. „Патриот“ меѓу другото овозможува одбрана од балистички и крстосувачки ракети, како и од авиони на оддалеченост и од 68 километри.

Grenzkonflikt Türkei Syrien

Во турскиот град Акчакале во октомври паднаа бомби и гранати испукани од сириската армија

Бундесверот во акцијата би требало да учествува со 170 војници. Предвидениот број од 400 војници, министерот за одбрана Де Мезие го образложува со потребата за дополнителни војници за поддршка на акцијата и за логистика.

За време на првичната расправа во Бундестагот во средата претставник на германското министерство за надворешни работи ги информираше пратениците дека германските „Патриот“ ракети ќе бидат во Турција ќе бидат поставени во близина на градот Кахраманмарас во Анадолија на 100 километри оддалеченост од сириската граница. Со тоа ќе биде гарантирано, како што предвидува мандатот, дека против-воздушните ракети нема да можат да дејствуваат во сирискиот воздушен простор.