1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бундесверот ќе обучува ирачки војници и во 2008-ма

*

Германската армија во наредната година ќе продолжи со обуката на ирачките војници во Обединатите арапски емирати. Претставници на Германија и на Ирак потпишаа соодветен договор во Абу Даби , за време на посетата на германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг на емиратите . Бундесферот планира во 2008 година да обучи 350 ирачки војници . Покрај Јунг кој се наоѓа во петдневна турнеја на Блискиот Исток , во регионот во меѓувреме отпатува и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер . Тој има намера на засегнатите страни да им го претстави акциониот план на ЕУ за Блискиот Исток , со кој треба да се подготви меѓународната конференција за регионот која на крајот од ноември ќе се одржи во САД .