1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бундесверот по грешка избришал важни податоци

*

Германското министерство за одбрана поради технички проблеми по грешка избришала податоци за мировните мисии на Бундесверот во странство, јави првиот канал на националната телевизија. Според информациите станува збор за технички проблем на компјутерскиот систем кој ги избришал податоците за периодот 1999-2003, меѓу кои и оние за поранешниот затвореник во Гвантанамо, Мурат Курназ. Минатиот месец обвинителството ги отфрли обвиненијата против двајца припадници на специјалните сили за вмешаност во малтретирањете на Курназ во 2002 година.