Бундесверот повторно испраќа војници во северен Авганистан | Свет | DW | 31.03.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бундесверот повторно испраќа војници во северен Авганистан

Половина година по затворањето на војничкиот логор во Фајсабад, Бундесверот повторно испрати војници во регионот заради поддршка на авганистанските безбедносни сили.

Германскиот војнички логор од Фајсабад, во немирната провинција Бадахсан, се повлече во октомври. Сега Бундесверот повторно испраќа војници таму. Во интервју за весникот „Велт амзонтаг“ командантот на Регионалната команда Север на меѓународните трупи ИСАФ, германскиот генерал-мајор Јерг Фолмер, зборува за испраќање офицери за врски во поддршка на авганистанските безбедносни сили. Тамошната ситуација тој ја оценува за сериозна.

Предивик за авганистанската војска

„Актуелната безбедносна ситуација во Бадахсан е предивик за авганистанските сили на безбедноста“, вели Фолмер. Се водат борби со различни групации, а од пред неколку дена во регионот се испратени германски војници. Претходно, ова подрачје долго важеше за мирно, но на почетокот на март бунтовниците од заседа нападнале единица на авганистанската армија, убивајќи 17 војници. Пред една недела, пак, беше киднапиран германски соработник на организација за развојна помош, кого подоцна авганистанските полицајци го ослободија неповреден.

Влошувањето на безбедносната ситуација Фолмер го објаснува со географската положба на провинцијата, која се наоѓа во граничното подрачје кон Таџикистан, Кина и Пакистан.

Низ Бадахсан поминуваат многу шверцерски патишта „и секогаш кога авганистанската полиција ќе започне со успешно спроведување на редот и поредокот, станува цел на напади на оние кои се чувствуваат загрозени во извршувањето на нелегалните зделки“.

Во основа, авганистанските безбедносни сили можат да се справат со нив, но „овојпат замолиле за поддршка“, вели Фолмер. Тие, на пример, бараат беспилотни летала и хеликоптери за евакуација на ранетите. Офицерите на Бундесверот треба на теренот да ја координираат и поддршката на ИСАФ-трупите.