1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бундесверот „му служи" на Парламентот

Бундестагот мора да даде зелено светло пред секоја мисија на Бундесверот во странство. Но, постојат одредени исклучоци од ова правило, кои понекогаш доведуваат до конфликти меѓу владата и опозицијата во Германија.

Германските политичари долго време немаа грижи за прашањето - кој треба да одлучи дали германските војници треба да се испратат на мисија во странство? По победата над нацистичка Германија, сојузничките сили првично спроведоа целосна демилитаризација. Во 1949-та година во сила стапи Уставот на Сојузна Република Германија и дел од него беше посветен на безбедносните сили. Создавањето на Бундесверот, за време на ескалацијата на Студената војна, беше дозволено од западните сили и следуваше по жестока внатрешно-политичка дебата во средината на 50-тите години на минатиот век. Мисијата беше јасна – национална одбрана во рамки на НАТО алијансата. Тогаш не беше замисливо мисија во странство, освен како помош при катастрофи.

Со крајот на конфликтот меѓу Истокот и Западот, ваквата распределба на задачите почна да се менува. Германија требаше безбедносно-политички да преземе поголема одговорност. Но, врз која правна основа?

„Проблемот остана релевантен и по обединувањето и беше контроверзен, бидејќи Уставот во однос на тоа не е доволно јасен“, смета Томас Гигерих, директор на Европскиот институт при Универзитетот на Саарланд.

Нема воена интервенција без соласност од Парламентот

За правно разјаснување се погрижи Сојузниот уставен суд во 1994.

„Вооружените мисии на Бундесверот во принцип бараат претходно одбрение од германскиот Бундестаг“. Со изборот на формулацијата „во принцип“ судот всушност сугерираше дека се можни исклучоци од ова правило. Како во случаите на акутна криза или пак при непосредна опасност. Тогаш сојузната влада може да не го вклучи Парламентот во донесувањето одлука за мисија на Бундесверот, но мора сепак да го замоли Бундестагот за подоцнежна согласност. Ако парламентарците тоа го одбијат, тогаш мисијата мора да заврши. Поради широките овластувања на парламентот, Бундесверот е наречен и парламентарна војска.

Raketen Abwehrsystem Patriot der Bundeswehr

За можното учество во антиракетната единица Патриот согласност мора да даде Бундестагот

Простор за интерпретации

Сепак постојат бројни прашања на оваа тема, како што поставува и Томас Гигерих во разговорот за Дојче веле.

„Прашањето е, на пример, што е вооружена мисија во странство. Ако Бундесверот само се распореди во друга земја, за спроведување на некое сценарио за застрашување, тогаш некој може да се посомнева во неопходноста од согласност“, вели Гигерих.

Секогаш се повторува прашањето за тоа кој меѓу извршната и законодавната власт е компетентен да донесе одлука.

„Постојат случаи во кои извршната власт се обидува да го прошири опсегот на делување, а опозицијата предупредува тој простор да не се интерпретира толку широко“, забележува Ханс-Георг Ерхарт од Хамбуршкиот центар за европски мировни и безбедносни студии.

На пример, во рамки на актуелната мисија на ЕУ во Сомалија, покрај одобрената од Бундестагот операција Аталанта, која е насочена директно против пиратите, Бундесверот дополнително учествува и во тренингот на сомалиските безбедносни сили. За тоа сојузната влада не побара одобрение од Парламентот.

Двајцата експерти се согласни дека за сегашниот случај на можно распоредување на војници, како дел од антиракетната единица Патриот, на турско-сириската граница, во секој случај мора да се добие согласност од Бундестагот.