1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бундесверот во мисија против пиратите

Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг, денеска присуствуваше на испловувањето на фрегатата „Карлсруе“ од пристаништето во Џибути, која ќе учествува во мисијата на ЕУ против пиратите пред сомалискиот брег.

default

Маринци во акција

Одлуката за германското учество во мисијата на ЕУ, „Аталанта“, претходно ја донесе Бундестагот. Бундесверот на располагање ќе стави 1.400 морнари, а на фрегатата „Карлсруе“ се наоѓаат околу 220 војници. Во Џибути, во соседството на Сомалија, постои база на Бундесверот. Во моментов таму се наоѓа и германската фрегата „Мекленбург Ворпомеранија“, која е ангажирана во рамките на антитерористичката борба, операцијата „Ендјуринг фридом“.

Мисија со многу непознати

Постојат повеќе отворени прашања во врска со акцијата на германската морнарица против пиратите на Рогот на Африка. Шефот на сојузот на Бундесверот, Улрих Кирш, укажува:

Verteidigungsminister Franz Josef Jung verabschiedet die Karlsruhe

Германскиот министер за одбрана Јунг (лево) наздравува со капетанот на бродот „Карлсруе“, Кај Аким Шоенбах (десно)

„Ако се има предвид оружјето со кое располагаат пиратите, кое е најмодерно, потоа брзите бродови, може да се констатира дека ангажманот ќе биде опасен и може да се претвори во воен“.

Морнарицата има робусен мандат, но деталите во Министерството за одбрана сепак се држат во тајност. Употребата на сила е дозволена во екстремни случаи, вистинската цел не е активен лов на пиратите, туку превентивна акција, нивно одвраќање. Но, ако стане опасно, бродовите на пиратите смеат да бидат потопувани заради ослободување на киднапирани бродови, изјави претходно германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг:

„Целта е одбрана од напади, но ако дојде до таква ситуација, нашата морнарица е опремена, нашите тимови имаат специјална обука“.

„Капка во морето“

Главната задача на германската морнарица е да ги придружува и да ги штити бродовите на Светската програма за храна на ОН, а во одделни случаи и трговските бродови. Критичарите предупредуваат дека мисијата на ЕУ, „Аталанта“, со шест воени бродови и три извидувачки авиони, има само симболичен карактер. Пресметките од Министерството за одбрана во Берлин покажуваат дека би биле потребни 500 бродови за обезбедување на целиот морски простор пред брегот на Сомалија и соседните држави.

Многумина укажуваат дека решението на проблемот треба да се бара на друго место. Шефот на германскиот сојуз на Бундесверот, Улрих Кирш, го дели тоа мислење:

„Ако не се бориме со причините, а тие не се на море, туку се наоѓаат на земјата, тогаш мораме да сметаме со долготрајна мисија. Зашто пиратите можат да се реорганизираат, тие работат на деловен начин. Парите што ги земаат повторно ги вложуваат во пиратеријата, се вооружуваат се‘ подобро, така што тоа не може да биде решение. Мораме да ги лоцираме вистинските причини, а тоа е состојбата во Сомалија, против тоа треба да се преземаат мерки“, вели Кирш.

Но, до тоа веројатно нема скоро да дојде. Веќе 15 години меѓународната заедница немо го набљудува распаѓањето и безредието во Сомалија, без речиси никаков знак за давање помош.