1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бундесверот – армија на народот и демократијата

Во германскиот Бундестаг денеска свеченост по повод 50 годишнината од основањето на Бундесверот - армијата на Сојузна Република Германија.

Од првите денови на Бундесверот - тогашниот канцелар Конрад Аденауер во посета на една касарна

Од првите денови на Бундесверот - тогашниот канцелар Конрад Аденауер во посета на една касарна

„Од првиот момент тоа беше армија на народот и армија на демократијата. Бундесверот од основањето не беше само армија на мирот и дел на нашето општество, туку со голем успех се постави кон новите предизвици и безбедносни состојби. Тоа е причина што Бундесверот во нашата земја и кај нашите партнери во Европа, во целиот свет се здоби со извонреден глас и голема почит“ - истакна

германскиот канцелар Герхард Шредер во говорот на свеченоста. Канцеларот се заложи за задржување на општата воена обврска во Германија. Тој концепт „до денес е потврдена основа за Бундесверот“ рече канцеларот, кој во тоа го споделува мислењето на министерот за одбрана Петер Штрук. Традициите на Бундесверот се под белегот на цврста поврзаност во германската демократија. „Општеството не егзистира покрај или околу Бундесверот, туку во неговото средиште. И обратно – Бундесверот е дел од секојдневниот живот на Германија“, рече Шредер.

Канцеларот истовремено нагласи дека блиска трансатлантска врска е од германски, европски и американски интерес. Паралелено со тоа, се’ повеќе втор столб на германската надворешна и безбедносна политика станува европската одбранбена и безбедносна политика. Таа не треба да го замени НАТО, туку разумно да го надополни. ЕУ мора да може, во случај на потреба, да посегне по свои воени сили, но и по цивилни сили како полицајци – во зависност од потребата.

Канцеларот, како и министерот за одбрана, му оддадоа признание на Бундесверот како на армија на мирот. Шредер нагласи дека сегашната реформа на оружените сили е неопходен одговор на на сосем променетата безбедносно-политичка состојба. Правилата на демократската правна држава, неповредливоста на човековите права и приматот на политиката и натаму остануваат принципи на военото дејствување, рече канцеларот.