1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бундесбанката е загрижена за иднината на еврото

За шефот на Бундесбанката Јенс Вајдман едно е јасно: еврозоната нема иднина ако остане во ваква констелација и концепт. Шефот на централната банка бара фискална унија.

Јенс Вајдман за весникот „Велт ам Зонтаг“ денеска (10.06) нагласува: „Неопходна е јасност за тоа дали сакаме да одиме по патот на фискална унија или и натаму ќе се потпираме врз национална буџетска политика во сопствена одговорност. Ако се одлучиме за второто, тогаш заедничката гаранција мора многу да се ограничи.“

Според извештај на магазинот „Шпигел“ европските институции веќе работат на фискална унија, во која одделните земји членки веќе нема да смеат самостојно да се задолжуваат. Владите тогаш би располагале слободно само со финансиските средства кои се добиени од сопствени приходи. Кој има потреба од повеќе пари отколку што самиот може да изстопанисува, ќе мора таа потреба да ја пријави кај групата на министрите за финансии на еврозоната, се вели во извештајот на „Шпигел“.

Нема ренесанса на германската марка

Logo Deutsche Bundesbank

За претседателот на Бундесбанаката Јенс Вајдман е јасно: и покрај актуелните проблеми во еврозоната нема да има враќање на марката. Тој вели: „Распад на монетарната унија би произвел огромни трошоци и би донесол ризици кои никој не може да ги предвиди. Поради тие причини вакво едно сценарио не може да биде цел на договарањето на оние што носат политичка одговорност“, вели претседателот на Бундесбанаката.

Вајдман предупреудва дека не смее да се дозволи немањето алтернатива за излегување од еврозоната да значи дека Германија треба да дозволи се‘ што прават евро-партнерите. Тесната поврзаност со еврото „не смее да значи дека Германија треба да стане подложна на уцени и да ветува гаранција без контрола, зашто тоа би ги поткопало основите на стабилност на монетарната унија“, вели Вајдман.