1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бунарџик се гради, Илинден работи

Над 100 производни погони, изложбени салони за автомобили и мебел, дистрибутивни и транспортни центри, наредени во низа, покрај автопатот на излезот од Скопје. Нивите со пченки се заменети со модерни градби

default

Индустриската зона „Бунарџик“ зјае празна, додека во Илинден „цвета“ бизнисот

Овие слики од економските зони Илинден ја промовираат истоимената општина во престижна локација за развој на малите и средни компании, без оглед дали се со македонски или мешовит грчки, српски, шведски или унгарски капитал.

Во среда стартуваше изградбата на фабриката за месни производи на Пекабеско за што ќе бидат вложени околу 10 милиони евра.

„Во бизнисот никогаш не смееш да престанеш со инвестиции, а мојата копманија и во ова кризно време, со мал пад на прометот од 3-4 насто, сепак остварува профит и развој, вели за ДВ Слободан Кутревски од Пекабеско. Тој се надева на младите кадри, кои веќе се формирани во компанијата, но ги има и во локалната средина, ќе го понесат бремето на конкуренцијата и пазарот.

„Изборот на локацијата кај Илинден беше мотивиран и од способноста на локалната администрација да биде сервис за обезбедување на сите документи и дозволи за градба, а се чувствува дека и месното население е заинтересирано за побрз равој на оваа приградаска, но сепак селска населба во близина на Скопје“, вели соговорникот на ДВ.

Freihandelszone Bunardzik

Добри услови за бизнис

Ниските комунални такси, ефтините градежни парцели со цена од 10- 15 евра по квадратен метар, наспроти пет или десет пати повисоките цени во другите индистриски зони во метрополата, ја направи општината Илинден атрактивна за привлекување на мали и средни компании, вели градоначалникот Жика Стојановски.

„Наша главна преокупација беше локалниот економски развој и се подредивме на оспособување на администарцијата која треба да ги заврши сите постапки во најбрз можен период да се добие дозвола за градба“.

На работната маса кај градоначалникот ведливо се поставени постери со слободни парцели за привлекување на нови инвеститори од околу 160 илјади квадратни метри или за најмалку уште стотина капацитети и инвестиции.

„Општината е живната и веќе заличува на урбана средина, вели Кутревски кој е исклучително задоволен од активниот однос на општинските власти иако забележува дека интензивниот развој мора да се следи и со добра инфраструктура кај отпадните води и квалитеттот на напонската струја.

„Една од предностите на оваа општина се човечките ресурси, особено добрата образовна инфраструктура со средно и високо образование. Има искусни работници и жителите кои работат во новотворените погони стануваат приврзени и лојални кон компаниите, зашто им се блиски, просперитетни и отвораат перспектива за семеен просперитет, вели градоначалникот Стојановски.

Вработување за локалното население

Тој е задоволен што во последните три години околу 50 мали и средни компании изградија „гринфилд“ погони или ги дислоцираа од скопска сообраќајна бркотница. Во нив се вработени над 2000 од месното население, што ја прави општината со радикален пад на невработеноста од 14 насто. Скандалот со финансиската малверзација во шведската млекарница Сведмилк не ги поколеба ниту локалните фармери кои веруваат дека овој модерен индустриски погон набрзо ќе биде рестартиран со својата современа опрема, вели агилниот градоначалник на Илинден, општина на самата периферија од метрополата.

Mazedonien Land und Leute

Со исклучок на фабриките „Џонсон Мети“ и „Џонсон Контролс“ ништо друго не профункционира во слободната зона

„Извонредната патна инфраструтура и поврзаност, ефтините парцели беа главните аргументи за изградба на модерната фабрика за кафе. Сама локална власт се постави ,како сервис но и како партнер на компанијата од почетокот на градбата па до денеска, вели Кире Андоновски манаџер на Рио Кафе.

Освен аромата од опојниот пијалок ве дочекува извонредна архитектонски осмислена градба, со европски ентериер, пријатна музика, поглед кон еколошки уредениот стопански двор.

Бунарџик остана празен

Наспроти инвестицискиот бум во Илинден, на само 3 километри се наоѓа Бунарџик, слободната зона за странски инвеститори. Ако се изземат капацитетите на Џонсон Контролс и Џонсон Мети, што вработуваат околу 400 луѓе, Бунарџик изглед запустено, празно и со вечното прашање кога ќе дојдат странците. Зошто домашниот и странскиот капитал не се изедначени, вели Кутревски газда на компанијата Пекбеско кој со својата инвестиција ке вработи дополнителни 150 жители до општината Илинден.

„Кога ние започнувавме Бунарџик беше мртва парцела, а со овие економски зони во Илинден можеме да бидеме задоволни, вели менаџерот на Рио Кафе. Децентрализацијата и локалниот економски развој ги отвори општините за привлекување на домашните инвеститори, за што Илинден е добитник на годишна награда за успешен развој, вели градоначалникот Стојановски, кој ни ја покажува макетата на новиот Културен дом, што е една од придобивките на наполнетиот буџет со привлекување на компаниите да инвестираат во општинските атари.

автор: Александар Чомовски

редактор: Борис Георгиевски

Поврзана содржина