1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бум на кинеската берза

Кинеската берза во моментов доживува вистински турбуленции. Понекогаш курсевите достигнуваат височини, понекогаш паѓаат, за веднаш потоа да стигнат во нов плус.

default

Берзата во Шангај

Неодамна кинеската берза доживеа вистински пад. Курсевите паднаа за скоро 9 проценти. За Кина, држава во која во последните две години берзата постојано одеше стрмно угоре, таквата загуба беше вистина голема. Експертите одамна предупредуваа дека кинеската берза е прегреан балон кој бргу ќе пукне. Па сепак, и покрај загубите, берзата во Кина доживува бум. Ја открија малите акционери ,за кои купувањето аации стана ново играчко задоволство. Зашто, во Кина се забранети игрите на среќа.

Постојат две берзи на кинескот копно: една во Шангај и една во Шензен. Бидејќи обата града се далеку од главниот град Пекинг, се повеќе берзански дилери таму отвораат сопствени бироа. Додека порано нивните главни клиенти беа големите фирми, сега се повеќе доаѓаат приватни лица кои бараат совети за купување или продавање. Така се случи и со господин Ву, кога пред неколку месеци за првпат сакаше да шпекулира:

„Некој што не знае да плива лесно ќе оди кон дното. Но, потоа се учи и станува подобро. Кога првапт инвестирав на берзата, немав поим што значи воопшто берза„.

Господи Ву се сеќава: има 48 години, квалификуван механичар и во моментов е без работа. Така како него, се повеќе Кинези се охрабруваат да дојдат на берзите. Со економскиот бум на Кинезите открија дека со парите не се купува само стока, туку дека парите можат и да се размножат. Бидејќи смееја да вложуваат пари само во сопствената земја, имаше само две добри можности: штедна книшка, што носи мали камати, или пак купување недвижнини, но тоа не го може секој. Затоа, акциите се одлична алтернатива, смета 31 – годишниот Рен Хонјуан: „Јас почнав минатата година. Неколку пријатели ми рекоа: човеку, купи акции. Тоа вистина е жешка работа. Си помислив: зошто пак не? Така започнав„.

Aktien Anlage Analyse Börse Entwicklung Erklärung Erklären Geld Kurse Manager Rede Referat Seminar Sparen Tabelle Trend Vermögen Symbolbild p178

Лудилото да се купуваат акции како лавина опфаќаше цели групи луѓе во Кина. Студентите шпекулираа со нивните заштеди, бизнисмените во голем стил, па дури и најсиромашната група на Кина, работниците номади, се почесто си ја пробуваа среќата и издвојуваа мали средства за акции. На кинексиот берзански пазар денес има 100 милиони приватни депоа што е историски рекорд. Но, експертите се почесто предупредуваат дека кинеската берза е претерано загреана и дека може да пукне како балон. Тоа ќе го спречи владата, сигурен е пензинерот и акционер Ли: „Пред Олимписките игри нема ништo да се случи. Во тоа воопшто не се сомневам. Ќе има нишања, но ништо повеќе од тоа„.

Кинеските берзи се државно управувани

Дневно, курсот на берзите не смее да падне повеќе од 10 проценти. Две третини од сите акции и припаѓаат на државата и не се за тргување. Само останатата третина може да се купува и продава. Пензионерот Ли вложи околу 500 евра. Тоа е повеќе од годишната државна пензија. Нервозен е и возбуден. Во земја во која официјално се забранети игрите на среќа, луѓето бараат други патишта да ја доживеат страста на играњето, вели Ли:

„Секако. И мораме да бидеме искрени, берзата е слична на играчки пекол. Мораш да внимаваш на својот интерес. Мене досега не ми одеше баш најдобро. Моите пари само се дуплираа„.