1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бум на еко-земјоделството во Хрватска

Иднина со био? Се повеќе селани во Хрватска својата иднина ја гледаат во еколошко земјоделство. Хрватска денес, по Македонија, е европска држава во која површините со био потенцијално најбргу растат.

default

Здравата био-храна е се побарана. Затоа и Хрватска ги зголемува површините за овие производи

Површините за еколошки земјоделски производи во Хрватска во минатата година се дуплираа, додека бројот еколошки земјоделски фирми се зголеми за четирипати. На тој начин Хрватска е една од земјите со најголем пораст на еколошки земјоделски површини во Европа.

Житарици, месо, зеленчук или био-вино веќе спаѓаат во репертоарот на хрватските земјоделци, вели Хелга Вилер од швајцарскиот научен институт за еколошко земјоделство: „Можно е важна причина за тоа да биде фактот што био-пазарот во Германија и Велика Британија доживуваат бум. Бидејќи во најголемиот број земји веќе не се произведува доволно за да се покрие домашната побарувачка, тоа влијае врз околните држави. Мислам дека тоа е најважното објаснување зошто тоа доживува бум во Југоисточна Европа.“

Био земјоделството фати корен во Хрватска

Денес во Хрватска постојат околу 360 еколошки земјоделски фирми, пред се на исток и север од земјата каде што био-земјоделството фати корен. Еколошки користените површни засега зафаќаат помалку од еден процент од вкупната земјоделска површина, но поволната клима и плодното тло поволно влијааат врз био трендот.

Следната причина се државните субвенции. Хрватската влада во 2001 година доснесе закон за еколошко земјоделско производство и само во 2006 година ги поддржа био-земјоделците со околу милион евра. Хрватските био-земјоделци добиваат финансиска помош и од програмите на Европската унија.

Се повеќе луѓе купуваат био производи

Кај поторшувачите расте побарувачката. Според податоците од студиите, био храната содржи повеќе витамини и имаат помалку штетни материи.

Bio Supemarkt

Био супермаркет

Сето тоа, придонесува се повеќе луѓе во Хрватска да купуваат производи со био-печат, иако таа храна е поскапа, вели Дарко Знаор, кој во Хрватска води различни био-проекти: „Не постои типичен хрватски клиент. Од една страна, имаме многу постари луѓе кои имаат здравствени проблеми, па дел од нив купуваат био. Од друга страна, има голем број млади луѓе од образуваното урбано милје. Тие не се секогаш финански доволно моќни, меѓутоа имаат еколошка свест и етички принципи. Тука е и модата, посебно кај жените, кои сакаат да останат млади, убави и здрави и затоа купуваат био храна.“

Пазарот сеуште не е регулиран

Пазарот за био производи се уште не е доволно регулиран, и реткост се договори со големите трговски синџири, вели Зноар:

„Пазарот е повеќе или помалку хаотичен. Дел од производителите продаваат едноствано како конвенционални производи, немаат био-печат и не се поскапи. Во меѓувреме, некои од нив најдоа многу креативни решенија, развија добра мрежа контакти, па клиентите доаѓаат да купуваат директно од нив. Веќе има и неколку био-продавници, но само мал дел од производителите успеаја своите био-продукти да ги пласираат во големите маркети.“

Во минатата година беше формирана заедничка оранизација на био-производителите која треба да го регулира пристапот кон пазарот. И сертификатот Еко-продукт укажува на хрватското потекло на прозиводите. Натписот „Еколошки производ од Хрватска“ е напишан на хвратски и англиски јазик, па барем печатот е подготвен за меѓународните пазари.