1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Будимир е пуштен од притвор, што понатаму?

Претседателот на Федерацијата БиХ, Живко Будимир е пуштен од притвор, по прифаќањето на апелацијата на неговите адвокати од страна на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

„Му се заблагодарувам на Уставниот суд на БиХ кој покажа дека функционира правосудниот систем во земјата“, изјави по излегувањето од мостарскиот притвор претседателот на Федерацијата БиХ Живко Будимир. Тој додаде како се чувствува и им се заблагодари на сите кои му давале поддршка и верувале во него.

Коментирајќи ги кривичните дела за организиран криминал за кои го теретат, и големиот број помилувањa кои ги изрекол, Будимир истакна дека нема сознание оти постои организирана криминална група. „Што се однесува до помилувањата, тоа го правев во согласност со сојата совест“, рече Будимир.
Тој истакна дека и понатаму има намера да ја извршува функцијата претседател на Федрецијата БиХ, но оти не е сигурен дека во понелник ќе оди на работа. „Сега ми е најважно да се видам со своето семејство“, истакна Будимир. „Среќни сме што Уставниот суд покажа дека БиХ е правна држава и оти не можат неколкумина луѓе во институциите и во правосудните органи да постапуваат незаконски“, кажа пратеникот во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, Жељко Асиќ кој го дочека Будимир заедно со многубројните симпатизери и членовите на семејството пред Казнено-поправниот затвор во Мостар.

Хаџиќ: „Сега се' зависи од тоа дали обвинителот ќе признае дека е поразен“

Zivko Budimir - Festgenommen

Сцена од апсењето на Живко Будимир



Претседателот на Федерацијата БиХ, Живко Будимир е пуштен од притвор по еден месец со решението на Судот на БиХ. Од притвор е пуштен и советникот на Будимир, Петар Баришиќ. „Државниот суд го преиспита решението за притвор, по што Уставниот суд на БиХ делумно ја прифати нашата апелција, бидејќи не постоеа конкретни докази неопходни за притворање“, изјави за ДВ адвокатот на Будимир Рагиб Хаџиќ. „Сега се' зависи од тоа дали обвинителот ќе прифати, ајде така да кажам, дека е поразен и едноставно ќе ја заборави оваа лоша работа или тврдоглаво ќе инсистира на еден пропаднат проект“, изјави Хаџиќ.

Будимир е уапсен на 26. април во рамките на полициската акција наречена „Патриот“ под сомнение дека во одделни одлуки за помилување на затвореници го прекршил законот и ја злоупотребил функцијата и власта. Будимир, како што се наведува, во изминатите година и половина помилувал повеќе од 160 лица. Будимировиот адвокатски тим со преглед на документацијата утврдил дека неговата претходничка Борјана Кришто за 15 месеци помилувала 120 затвореници, додека Владимир Шолјиќ во 7 месеци на неговиот претседателски мандат помилувал 591 затвореник.