1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Будењето на Шумахер продолжува

Забине Кем, менаџерката на Михаел Шумахер, ги демантира медиумските извештаи за привремен прекин на процесот на будење од вештачка кома на седумкратниот првак на Формула1.

Михаел Шумахер и натаму се наоѓа во фаза на будење од кома. Менаџерката на Михаел Шумахер, Забине Кем, изјави дека процесот на будење од кома на седумкратниот првак на Формула1, Михаел Шумахер, не е прекинат. Кем денеска им се обрати на новинарите, откако одделни медиуми објавија дека лекарите во Универзитетската болница во Гренобл, поради компликации прекинале со процесот на будење.

„Процесот на будење може да потрае, тоа за жал може да покрене многу шпекулации“, рекла Кем.

Шумахер е во кома од 29.декември минатата година кога на скијање се здоби со тешки повреди на главата. Лекарите во болницата во Гренобл започнаа со процесот на будење кон крајот на јануари.

Семејството на Шумахер неколку пати истакна дека ќе ја известува јавноста за сите значајни промени кога станува збор за неговата здравствена состојба и дека сите информации кои не доаѓаат од него можат да се сметаат за шпекулации.

Минатата недела возачот на Формула 1 Фелипе Маса и поранешен тимски колега го посети Шумахер во болницата.

„Му раскажав сѐ што доживеав изминатите недели. Тој спие, но изгледа сосем нормално. Мислам дека дури и малку реагираше“, изјави Меса.