1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Будва, конференција ЕУ-ЈИЕ

Економскиот развој и демократско политичките реформи се клучни за надминување на нагетивната слика за регионот, изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски на меѓународната конференција ЕУ-ЈИЕ која се одржува во Будва. На конференцијата чиј домаќин е црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, покрај Црвенковски учествуваат и претседателите на Албанија, Хрватска и Бугарија, Алфред Мојсиу, Стипе Месиќ и Георги Прванов. Од европска страна, присутна е претседателот на Европскиот парламент за ЈИЕ Дорис Пак.