1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бугарското МВР заклучи дека и да било пукано, Доган немало да умре

Октај Енимехмедов немал намера да го убие Ахмед Доган, туку само да го заплаши, информираше бугарското МВР. Турскиот претседател Ѓул побара Бугарија во најкус рок да ги открие причините за нападот на лидерот на ДПС.

Објаснувањето дека Октај Енимехмедов немал намера да го убие Ахмед Доган го даде Неделчо Стојчев, директор на Институтот за психологија при бугарското МВР. Според него, мотивот на напаѓачот бил личен, бидејќи според Енимехмедов, „Доган манипулирал со луѓето“. Според бугарското МВР, напаѓачот сакал да предизвика политички преврат и да му покаже на лидерот на ДПС дека нештата треба да се менуваат. Во домот на напаѓачот во Бургас е пронајдено и проштално писмо до мајка му, во кое тој објаснува дека можеби ќе загине и и’ се извинува што нема да може да го заврши образованието.

Attentat Attentatsversuch Ahmed Dogan Sofia Bulgarien

Доган го оттурна од себе напаѓачот

Тимот експерти од бугарското МВР утврдил дека Енимехмедов со нападот сакал да стане познат и да ги сподели своите ставови. Тој се опишал како бугарски патриот кој се водел од чувството за доброто на државата.

Од бугарското МВР, спротивно на вчерашната информација дека кај Енимехмедов биле пронајдени два ножа, денеска се вели дека тој имал еден нож којшто, според Неделчо Стојчев, „го носи секој маж за да си наостри молив или да си пресече леб“. Па така, напаѓачот ќе биде обвинет за закана за убиство и хулиганство, а не за обид за убиство. Таква одлука донесе обвинителството, откако Министерството за внатрешни работи информираше дека со пиштолот на гас немало како да биде убиен Ахмед Доган. Пиштолот бил технички исправен и во него имало три патрони.

Образложението во јавноста следуваше откако турскиот претседател Абдула Ѓул испрати телеграма до Ахмед Доган, во која изразува длабоко жалење за вчерашниот обид за атентат врз него и во која изразува надеж „дека властите во Бугарија во најкус можен рок ќе ги откријат причините за тој напад“.

Ahmed Dogan von unbekanntem Mann angegriffen

Октај Енимехмедов оставил и проштално писмо

„Доган не е Том Круз, ама гледал ХБО“

Во бугарската јавност коментарите за вчерашниот инцидент се поделени. Партијата „Ред, закон, правда“ обвини дека инцидентот се случил за Доган да си

Ahmed Dogan 2005

Ахмед Доган се повлече од лидерската позиција

ги зацврсти редовите во партијата и за да се најде аргумент тој да остане на нејзиното чело. Според „Ред, закон, правда“ ќе се искористела „оваа фарса за сплотување на електоратот пред изборите“.

„Доган не е Том Круз, ама долго гледал ХБО (телевизиски филмски канал, н.з.). Бевме сведоци на режија на највисоката сцена на ДПС. Тоа беше ризична, од азиски тип ПР-акција“, стои во соопштението на партијата „Ред, закон, правда“.

Сепак, спротивно на тврдењето на оваа партија, на конгресот на ДПС за нов лидер беше избран досегашниот заменик Љутви Местан, а Доган беше прогласен за почесен претседател.

Со поддршка до Доган се огласи партијата „Бугарија на граѓаните“. Таа оценува дека нападот врз него е политички, а не криминален акт. Тома Биков изрази загриженост за безбедноста на земјата и истакна дека најлошото е што очигледно постојат услови за слични политички акти.