1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Бугарски политичар навредувал дипломатка

Бугарскиот националист Сидеров и‘ се заканувал на француска дипломатска претставничка откако таа го одбила неговиот флерт. Скандалот завршил со тепачка.

Бугарскиот ултранационалистички лидер Волен Сидеров навредувал француската дипломатска претставничка во Бугарија, која го одбила неговото додворување и ѝ се заканувал.

„Една француска дипломатска претставничка беше жртва на навреди и закани на еден бугарски државјанин за време на летот на компанијата ’Блгарија ер’ од Софија за Варна на 6 јануари вечерта“, се наведува во соопштението на француската амбасада.

Бугарското Обвинителство соопшти дека Французинката, која е аташе во Францускиот културен институт во Варна, била навредувана од Волен Сидеров (57), лидер на партијата Атака, кому ова не му е прв ваков инцидент.

Според бугарските медиуми, Сидеров се обидел да ја убеди Французинката за време на летот да седи покрај него, но таа го одбила, по што тој станал груб и се обидел да ја легитимира, на што немал право. Еден патник се вмешал за да и‘ помогне, но не успеал. Сидеров, кој е шеф на собраниската комисија за борба против корупцијата, патувал во Варна со двајца пратеници од својата партија.

Кавгата продолжила по слетување во Варна, во што се вклучиле и другите пратеници од партијата Атака, како и другите патници, од кои еден добил удар во пределот на главата, а Сидеров, според очевидци, удрил еден полицаец со бокс во пределот на лицето.

Партијата Атака има 23 пратеници во бугарскиот Парламент и ѝ дава премолчена поддршка на малцинската Влада на премиерот Пламен Орешарски, кого официјално го поддржуваат социјалистите и либералите.