1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Бугарски министер- социјалец во Франција

Министерот за инвестиции Данов добивал пари како надоместок за невработеност во Франција, иако живеел во Бугарија и бил редовно вработен

За периодот од 2004-та до 2005-та година, актуелниот министер за инвестициско проектирање во бугарската влада, Иван Данов добил надоместок за невработеност во износ од 15 илјади евра од француската асоцијација Аседик. Проблемот е во тоа што Данов немал право на овие пари, но Франција, како и во Бугарија се чини дека никој не е заинтересиран, коментира францускиот весник „Експрес“. Запишување во бирото за вработување по отпуштањето од економски причини, добивање на помош за невработеност и потрага по нова работа – малку министри во цела Европа можат да се пофалат со такво искуство, пишува весникот. Бугарскиот министер Иван Данов долго време ја премолчувал оваа епизода од својот живот, кој се случил меѓу 2004-та и 2005-та година, кога живеел во Франција. Но, има и причини за оваа извонредна дискреција, пренесува „Фокус“. Данов немал право на овие пари, додека земал помош од француската држава, тој заземал различни позиции во Бугарија, без да ја информира француската влада. Така, секој месец Бугаринот земал по 1850 евра, без да се пресмета платата добиена во Бугарија.