1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бугарските партии купуваат избирачи

„Партиите во Бугарија не само што се борат за избирачите, некои и ги купуваат“, пишува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во написот за воочените неправилности спроти претстојните парламентарни избори в недела.

default

Наместо реклами, купување гласачи!

„Купувањето гласови е една од најгрдите појави во бугарската демократија‘, критикуваше премиерот Сергеј Станишев ноќта по изборите за Европскиот парламент пред еден месец. Портпарол на ЕУ предупреди: ’Ова многу не вознемирува, Унијата крајно внимателно ќе набљудува‘ дали таквите појави ќе се повторат, на пример на парламентарните избори в недела. Весникот ’Дневник‘ на феноменот му посвети саркастичен коментар дека од пристапувањето на Бугарија кон ЕУ во 2007 година е се’ потешко да се каже ’колку Бугари го исполнија своето изборно право, а колку го позлатија‘.

На европските избори повеќе од 350 илјади негови соработници се решија за втората варијанта, сигурен е Теодор Дечев. Тој смета дека се точни проценките на ’Транспаренси интернешенел‘, оти при учество од вкупно 38 проценти на избирачи, речиси 15 насто ги продале гласовите. Оттука, тој ги смета за не многу веродостојни зборовите на премиерот, кој истовремено е и претседател на Социјалистичката партија. ’Не знам која партија не купува‘, одговара тој на прашање кои политички сили учествуваат во купувањето гласови. Дечев е заменик-претседател на едно мало здружение на работодавачи и порано и самиот беше во политиката. Најголемата потешкотија е ’да се докаже она, што сите го знаат‘, вели Дечев.

EU-Flagge Bulgarien Symbolbild EU-Osterweiterung

Феноменот не е нов

Феноменот на купување гласови во Бугарија го има од изборите во1994. Но, тогаш беше ограничено на одредени општествени групи, пред се’ на Ромите, со нивната строга клановска организација. Во меѓувреме феноменот опфати и групи во општеството, кои не дозволуваат клановски водачи“.

Во написот потоа се обработуват различните форми на контролирано гласање, за да се биде сигурен во платениот глас, па се вели: „Посебно во малите избирачки места, измамниците прејдоа на тоа, да не ги купуваат избирачите, туку избирачката комисија. Каде не успева тоа, локалните записници се заменуваат или обработуваат, пред да бидат доставени до регионалниот изборен центар.

Купувањето гласови е подобро од купувањето медиуми

’За овие избори се води посебна борба, оти се поврзуваат со надеж за скорешно одмрзнување на средствата од ЕУ‘ вели Дечев. Со други зборови, прво треба да се потрошат многу пари, за потоа, преку политичко влијание, да може уште повеќе пари да се слејат

Logo der FAZ

во сопствениот џеб. Аналитичарот на изборите Антониј Галабов, неодамна рече дека има ’нов поредок‘ на политичкиот систем: ’Очигледно, инвестициите на претпријатијата во досегашните политичари и партии се покажаа неефективни за одредени економски интереси. Сега тие бараат непосредно претставување‘. Така опишува и Дечев: ’Луѓето се однесуваат како инвеститори и се прашуваат зошто треба и понатаму да купуваат написи во весници, телевизиски емисии или поединечни пратеници, кога можат да купат гласови на избирачи, за со тоа да ја внесат сопствената партија во парламентот. Нивниот заклучок гласи. ’Купувањето гласови носи повеќе, отколку купување на медиумите‘. Тоа, се разбира, има своја цена. Гласач за продаден глас добива во просек 15 евра, а партиите мораат да потрошат двојно, оти и посредниците сакаат да им биде платено“, се вели, покрај другото во текстот на Михаел Мартенс, објавен во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

ФАЦ/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска