1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Бугарските националисти нападнаа џамија

Во бугарскиот град Пловдив стотици радикални националисти се обидоа да продрат во џамија, кршејќи прозорци. Муфтијата Наџи зборува за своевиден „погром“.

Стотици радикални нациналисти во Бугарија вчера (14.02.2014) се обидоа да заземат една џамија во градот Пловдив. По нападот се уапсени 120 лица, соопшти претставникот на Министерството за внатрешни работи, Светозар Лазаров за бугарска телевизија.

„Националистичките демонстранти кои скандираа расистички и непријателски кон странците пароли, се обидоа да навлезат во џамијата“, изјави тој. Силите за безбедност ја спречиле намерата на напаѓачите, при што е повреден еден полицаец, неколкумина случајни минувачи, како и повеќемина демонстранти, вели Лазаров.

Повеќе од две илјади луѓе претходно мирно демонстрираа пред Апелациониот суд во Пловдив, каде на се расправало за барањето на мулсиманската заедница да ѝ се врати џамија во блискиот град Карлово. Според полицискиот извештај, стотици демонстранти-подбуцнувачи и фудбалски навивачи од пред судот заминале пред џамијата во Пловидв, каде фрлале со камења по прозорците и со молотови коктели.

Од кругови на правосудството во Софија се јавува дека е подигнато обвинение против осум лица за хулиганство, поттикнување верска омраза и непријателство кон странците.

Муфтијата Мустафа Хаџи реагираше шокиран, нарекувајќи ги нападите „погром“. Бугарија се смета за најсиромашната држава во ЕУ, истовремено со најголем процент на муслимани во населението - 13. Околу десет проценти од народот се етнички Турци. Судот во Пловдив во рок од еден месец ќе реши околу враќањето на џамијата во Карлово на муслиманската заедница.