1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бугарските медицински сестри на слобода

*

По осум години минати во затворот во Либија петте бугарски медицински сестри кои беа обвинети за намерно заразување на повеќе стотици деца со вирусот на СИДА се вратија во татковината. Тие веднаш беа помилувани од бугарскиот претседател Георги Прванов.

Сопругата на францускиот претседател Сесилија Саркози и еврокомесарката за надворешни работи Бенита Фереро Валднер кои во Либија уште еднаш посредуваа за ослободување на медицинските сестри пристигнаа заедно со нив на аеродромот во Софија. Ова е среќен ден за семејствата и среќен ден за Европа- порача Фереро Валднер . Таа им се заблагодари на европските влади за долгогодишниот ангажман во аферата а го пофали и хуманиот гест на Либија .

Минатата недела инаку смртната пресуда против медицинските сестри беше преиначена во доживотна затворска казна.