1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бугарската политика кон Македонија е играње со оган

Владата на Борисов направи негативен пресврт во односот кон Македонија, а сега се покажува дека и шефот на државата тоа го поддржува. Таквата политика е погрешна и и’ штети на бугарската држава, пишува Татјана Ваксберг.

Надворешната политика на Росен Плевнелиев е истата игра со оган како и таа на Бојко Борисов. Споредбата меѓу двајцата можеби нема да издржи естетски тест, но политиката им е потполно иста. Кабинетот на Борисов направи необјаснив негативен пресврт во односот кон Македонија, а сега се покажува дека и шефот на државата тоа го поддржува. Во интервјуто за бугарското национално радио минатата недела, Плевнелиев изјави дека Бугарија и Македонија треба да потпишат договор за добрососедство. Така формулираната  изјава го маскира ултиматумот кој Софија изненадувачки му го испрати на Скопје во декември 2012 година. Тогаш кабинетот и‘ постави три услови на Македонија за да продолжи поддршката за почеток на преговори со ЕУ.

До декември минатата година таа поддршка не беше предмет на преговори. Напротив, владата на Борисов ја следеше политиката на неговите претходници која беше формирана со висока внатрешнополитичка цена во 1992 година. Тогаш владата на Филип Димитров донесе историска одлука да ја признае Македонија како независна држава. Години подоцна, архивите на поранешна Југославија го потврдија она што беше сметано за оптимистичка хипотеза, имено - дека со признавањето на Македонија, Бугарија не само што го потврди правото на самоопределување и му даде поттик на меѓународниот процес, туку и го

Bulgarien Präsident Rossen Plevneliev

Росен Плевнелиев

избегна ризикот да влезе директно во југословенскиот воен виор.

Отфрлање на национализмот

Денес се заборава на цената за овој напор. Не станува збор само за тоа дека владата на Димитров на крајот падна од власт, меѓу другото и поради политиката кон Македонија. Одлуката на тогашната влада беше жестоко критикувана од тогашните националистички медиуми, политичари и граѓани. Медиумите беа полни со тврдења дека Македонија не е ништо повеќе од украдена бугарска територија, а премиерот беше прогласуван, и од тогаш водечкиот весник „24 Часа“, за предавник, неспобен, и сл.

Денес не ги паметиме јазикот и агресијата од тие години токму поради таквото, за тие времиња, тешко решение. 1992 година беше период кога Бугарија го избра вистинскиот пат од дилемата: дали да и‘ се допадне на јавноста и да го отфрли правото на Македонија да постои, или да ја загуби довербата на јавноста од името на политичката иднина врз која минатото нема влијание.

Изборот на втората опција се покажа како единствен препознатлив елемент на инаку безличната бугарска надворешна политика. Во 1999. година премиерите на двете земји Иван Костов и Љубчо Георгиевски ја потпишаа декларацијата во која беше вклучена и определбата за добрососедски односи. Ни социјалистичката, ниту монархистичката влада не посегнаа по тој договор во изминатите 20 години, иако беа во искушение да тргнат по националистичкиот пат по примерот на Грција.

Единствено кабинетот на Борисов успеа да го стори тоа. Одеднаш владата одлучи да го преслика принципот на популизам со кој се раководи во домашната

NO FLASH Nikola Poposki

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Попоски и Младенов

и во надворешната политика. Следуваа закани дека Скопје нема да добие поддршка во Брисел доколку не заземе правилен став кон историјата.

Предизборието не смее да биде изговор

Фактот дека секој популизам може да се објасни со предизборието е мала утеха. Поголем проблем е долготрајното нарушување на односите со Македонија кое е предизвикано со таквиот агресивен однос. Ваквите закани, предупредувања и ултиматуми за историски прашања водат кон истата катастрофа која беше избегната во 1992 година со одлуката на тогашната влада.

Наместо да го отфрли ултимативниот тон на премиерот Борисов и на министерот за надворешни работи Младенов, претседателот Плевнелиев изненадувачки ги поддржа нивните ставови. „Ние сме изненадени од позицијата на македонската страна изразена преку изјавата на шефот на дипломатијата Попоски кој кажа дека нема потреба од таков договор за добрососедство. Ние сметаме дека има потреба од таков договор. Договор за добрососедство треба и ќе има“, рече Плевнелиев.

Изјавите на Плевнелиев за Македонија, сепак се загубија во оценките на претседателот за скандалот со прислушувањето. Тие воопшто не беа пренесени. Но останува болната вистина дека со својата политика кон Македонија и со скандалот со прислушувањето ГЕРБ всушност и‘ зададе најсилен удар токму на сопствената држава.