1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бугарската влада не прифаќа критики од Брисел

Европската Комисија ја критикува Бугарија дека не ги спровела бараните реформи во правосудството и борбата против корупцијата. Владата ги отфрла забелешките

Бугарската влада ги отфрли критиките од Европската Комисија дека не е подготвена да го реформира правосудството и да се бори против корупцијата. Министерот за надворешни работи Николај Младенов изјави дека критиките од Брисел не се прикладни бидејќи поттикнуваат ширење гласини и ја повика Европската Комисија да не ги прекорачува своите овластувања. Младенов рече дека Бугарија е во состојба да ги исполни бараните реформи.

Шефот на државата, Росен Плевнелиев, пак, изрази сериозна загриженост поради оценките од Брисел.

„Ова е многу сериозно предупредување од Европската Комисија и бугарските институции мора сериозно да го земат в предвид“, оцени Плевнелиев.

Европската Комисија треба до крајот на 2013. година треба да поднесе извештај за напредокот на Бугарија во областа на правосудството, но портпаролот на ЕК, Оливие Баји предупреди дека тоа може да се случи и пред предвидениот рок.

„Комисијата во многу наврати соопшти дека судиите на Уставниот суд на Бугарија мора да ги исполнуваат највисоките стандарди на професионалност и интегритет“, рече Баји.

Брисел бараше од бугарското Собрание „темелно да ги провери наводите за корупција, надворешни влијанија и судир на интереси“, а Комисијата констатираше дека такви проверки не се спроведени, рече Баји.

Критиките на ЕК се однесуваат на постапката на бугарското Собрание при изборот на двајца судии на Уставниот суд на 31 октомври, првиот е потпретседателот на Собранието и член на владејачката ГЕРБ, Анастас Анастасов, додека вториот е потпретседателката на Врховниот управен суд Венета Марковска.

Бугарските медиуми ги критикуваа пратеници што при изборот не ги провериле наводите за трговија со влијание од страна на Марковска.

Поврзана содржина