1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бугарската влада не поднесува оставка

Бугарската влада не се повлекува поради протестите против високата цена на електричната струја. Но, треба да замине чешка електродистрибутивна компанија. Премиерот Борисов вети пониски цени на струјата.

По делумно насилните протести против владата, бугарскиот премиер Бојко Борисов одби да даде оставка. Борисов меѓутоа денеска изјави дека ќе му биде одземена дозволата ан ачешкото електродистрибутивно претпријатие „ЧЕЗ“ од Чешка. Масовните демонстрации во Бугарија започнаа како протести против вискоата цена на струјата.

Социјалистот Сергеј Станишев повторно побара заминување на владата како и предвремени парламентарни избори. Насобраните деминстранти-потрошувачи протестираат во црноморското пристаниште Варна веќе десетти ден по ред. Во Враца, град во сиромашниот северозападен дел од земјата, синоќа биле искршени стаклата на чешката фирма „ЧЕЗ“, како што јавува државното радио.

За да ја смири ситуацијата, премиерот Бојко Борисов најави пониски цени на струјата за осум проценти од први март, но го одби барањето за подржавување на регионалните мрежи на странските дистрибутери од Австрија и Чешка.

Бугарите за финансиската кризна ситуација ги обвинија странските дистрибутери и кабинетот на премиерот Бојко Борисов.

Во Бугарија, „ЧЕЗ" работи од 2005 година, кога за 360 милиони евра го купи мнозинскиот пакет акции во три дистрибутивни компании, кои ги спои во една. Една година подоцна стана сопственик на централата на јаглен во Варна, а минатата година ја пушти во работа и соларната електрана Орешец. На Чешката енергетска групација во јануари и‘ беше одземена лиценцата за дистрибуција на енергија во Албанија. „ЧЕЗ" во странство инвестира од 2005 година и работи во Романија, Полска, Турција, Словачка и Унгарија.