1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бугарија ќе побара екстрадиција на медицинските сестри

*

Бугарските власти најавија дека уште денеска ќе побараат од Либија екстрадиција на медицинските сестри, осудени на доживотен затвор заради намерно труење на 400 деца со вирус на сида. Јавниот обвинител Борис Велчев изјави дека двете земји имаат потпишано договор за екстрадиција, кој сепак не гарантира дека Триполи веднаш ќе го прифати барањето. Одлуката на високиот либиски суд за замена на смртната казна за обвинетите, со казна доживотен затвор која може да се одлежи во матичната земја, Софија го означи како голем чекор во позитивна насока. ЕУ и САД го поздравија ваквото решение.