1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бугарија формира „Балканска енергетска берза“

Бугарија ќе формира берза за енергија здружена со своите соседи. Партнери ќе бидат Македонија, Грција и Србија, а идејата е во иднина да се вклучат во проектот и останатите балкански земји.

default

Во проектот за енергетската берза ќе учествува и Македонија

Седиштето на берзата ќе се наоѓа во Софија, а причината е што Бугарија е прва во регионот во смисла на производство на енергија, но од друга страна предност е и нејзината географска поставеност.

Бугарија веќе работи со Норвешка на формирањето на новата институција, бидејќи оваа нордиска земја има големо искуство во слободната трговија со енергија. За сега е одлучено да се користи така наречен „здружен“ модел на берзата, што ќе овозможи олеснување на зделките и намалување на цените во различни земји.

Се очекува дека бугарската атомска централа Козлодуј и Марица Исток ќе поттикнат најголем интерес, бидејќи нудат најатрактивни цени.

Автор: АМ/СН/ Serbia-energy.com

Редактор: Симе Недевски