Бугарија се ангажира околу регистрација на “ОМО Илинден“? | Македонија | DW | 02.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бугарија се ангажира околу регистрација на “ОМО Илинден“?

Вестите кои пристигнаа од Бугарија, дека повторно е одбиена регистрацијата на политичката партија на македонското малцинство „ОМО Илинден – Пирин, се во спротивност со најавите на бугарската влада. Само неколку денови пред најновото одбивање на регистрацијата, пред Комитетот на министрите на Советот на Европа, Бугарија го претстави планот за спроведување на пресудата на Европскиот суд за правата на чо

Стразбур

Стразбур

�екот, во која се бара регистрација на партијата и се ангажирала дека тоа ќе биде направено.

Европскиот суд за правата на човекот има донесено пет пресуди во полза на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и здружението ОМО „Илинден".

Сите случаи се однесуваат на одбивањето на бугарските судови да ги регистрираат здруженијата на македонското малцинство во Бугарија и спречување на нивното слободно здружување.

Во пресудите беше и оценето дека мотивите изнесени од бугарските судски власти, а потоа бранети и од претставниците на бугарската влада, не се доволни за да се забрани регистрацијата на здруженијата и со тоа да се ограничи правото на здружување и слободно изразување.

Во извештајот доставен до Комитетот на министрите на Советот на Европа во Стразбур, задолжен за следење на спроведувањето на пресудите, бугарската влада тврди дека спровела четири од петте пресуди. Во тоа спроведување таа го подразбира нивното објавување на бугарски јазик и исплатата на отштетата и судските трошоци на тужителите. Но во судовите ништо од регистрацијата на здружението.

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев, во Стразбур ни изјави дека: „Во Бугарија има устав, има независна судска власт која што ги регистрира невладините организации и политичките партии. Секоја од нив треба да одговара на Уставот. И ако ги почитува уставните принципи, не се сомневам дека ќе биде најдено објективно решение. Не е владата таа која регситрира “ рече тогаш Станишев во разговорот за радио Дојче Веле.

Владата не е таа која регистрира, но таа е обврзана со членството во Советот на Европа да ги спроведува одлуките на Европскиот суд за правата на човекот.

За последната петта пресуда, донесена во јануари годинава, се уште се води расправа во Комитетот на министрите на Советот на Европа. Последната беше само пред неколку дена, а следната е предвидена за неколку месеци. Од претставникот на Бугарија како што дознаваме било речено дека земјата прави напори за спроведување на пресудите на Европскиот суд за правата на човекот во корист на ОМО „Илинден". Но, во реалност, работите се понакви.

Од постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа, амбасадорот Елеонора Петрова-Митевска ни изјави:

„За овај случај е реагирано. Кога се разгледуваше случајот на ОМО Илинден, добивме уверување од бугарската страна дека работите одат во позитивна насока и дека тие се подготвуваат за разрешување на овој конфликт. Се разбира со оглед на фактот дека сакаат да имаат добра соработка со Советот на Европа, односно Комитетот на министри и со Судот за човекови права. Случајот ќе дојде на разгледување, дали на работната група за човекови права или во Комитетот на министри и Република Македонија, бидејќи тоа е нејзина задача, односно Мисијата на Република Македонија во Стразбур ќе реагира повторно, за да се имплементираат одлуките на Судот за човекови права од Стразбур.“

Дипломатските извори во Стразбур советуваат дека членовите на „ОМО Илинден-Пирин“ ќе треба директно да му се обратат на Комитетот на министрите и на другите органи на Советот на Европа во Стразбур за да ги запознаат со најновиот развој на ситуацијата, бидејќи Бугарија повторно ќе треба да поднесе извештај за спроведувањето на пресудата.