1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бугарија – остров на стабилноста покрај границите на Шенген

Бугарија изгледа стабилна во морето од проблеми во Грција, Романија и земјите од поранешна Југославија. И покрај тоа не и’ се дозволува приемот во Шенген. ЕУ во моментов не сака нови грижи смета политикологот Хајнц Брам.

И покрај постигнатиот напредок од Бугарија, германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих не гледа можност земјата да се приклучи кон Шенген. Развојот во неа не напредувал доволно. Во обид за толкување на овие зборови, германскиот политиколог Хајнц Брам вели дека времето на великодушноста на ЕУ е завршено, како резултат на економската и банкарската криза, а исто така и политичката конфузија во Унијата.
Извршениот мониторинг на Бугарија од страна на ЕУ во никој случај не е без значење. Се’ уште ситуацијата во правната сфера не е таква каква што треба да биде. Но, кризата и ситуацијата во Грција, Романија и генерално во земјите од поранешна Југославија е причината и кон Бугарија да се манифестира многу голема строгост, смета Хајнц Брам. Истовремено, тој нагласува дека Бугарија претставува еден голем исклучок и се смета за остров на стабилноста регионот.

Symbolbild Sofia Bulgarien

Решението на проблемите треба да се бара овде

Бугарија - врата за темните сили?

Накратко - Европската унија не сака нови грижи и се залага за сигурност. Во минатото остана времето во кое ЕУ покажуваше голема дарежливост кон Источно-европејците. Истото важи и за стремежот за максимално проширување на ЕУ, вклучувајќи ја и Турција.

„Сега односот кон нештата е многу попедантен. Има стремеж кон тоа да се минимизираат сите потенцијални идни проблеми", вели германскиот политиколог Брам. Според него, сепак Бугарија може да смета на Европскиот парламент. Европратениците ќе продолжат да бараат што е можно побрзо Бугарија да влезе во Шенген зоната.

Оценката на Хајнц Брам за Бугарија е дека состојбата на судскиот систем уште не е на оптимално ниво и не е јасно што точно се случува таму. „Во Бугарија се’ уште има темни сили, правдата е бавна, недостасува доверба дека границите се толку сигурни колку што се очекува да се. Се знае дека во Бугарија се’ уште има подземни канали и оти некои имаат стекнато огромно богатство. И, сега одеднаш се појавуваат стравувања дека со пристапувањето кон Шенген зоната Бугарија ќе стане врата низ која ќе влезат темните сили ", резимира Брам.