1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бугарија не го дава Вранишковски

Софискиот апелациски суд денеска го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на расчинетиот владика на МПЦ, Јован Вранишковски. За МПЦ, оваа одлука е удар за македонската црква и за државата.

default

Според МПЦ, Бугарија не постапува според правото

Вранишковски беше приведен во ноември минатата година од бугарската полиција на граничниот премин Калотина, на границата со Србија, врз основа на меѓународната потерница што ја издаде ИНТЕРПОЛ, по барање на Основниот суд Битола, заради издржување затворска казна од 2,5 години за проневера на околу 250 илјади евра црковни пари. Апелацискиот суд во Софија денеска покрај одбивањето на барањето за екстрадиција ја укина и забраната на Вранишковски да ја напушти Бугарија, како и мерката домашен притвор. Решението на судот во Софија е конечно.

Mazedonien Kirche KLiment Ohridsk in Skopje

Митрополитот на Повардарската епархија на МПЦ, Агатангел, во меѓувреме оцени дека одлуката на софискиот Апелационен суд да не го испорача Вранишковски не е удар само за Македонската Православна Црква, туку тоа е голем удар на македонската држава.

„Со оваа одлука Бугарија, иако е членка на Европската унија, самата ги крши правата, а не‘ осудува нас“ , истакна митрополитот Агатангел.

Македонскиот министер за правда Михајло Маневски пак изјави дека нема да ја коментира одлуката на судот од Софија се‘ додека не добие официјално известување.

Автор: СН/ЖА/миа/макфакс

Редактор: Жана Ацеска