1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бугарија на Филе му се жали поради Македонија

На сите денешни (31.10) средби на еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Софија станало збор за Македонија. Бугарските политичари се жалат на реториката на Скопје.

„Сите знаеме дека ПЈР Македонија треба да чека долго време пред една затворена врата, очекувајќи членство во НАТО и ЕУ. Јас сум од оние луѓе кои цврсто веруваат дека не е добро да оставаме на партнерите долго да чекаат пред вратата. Верувам дека интеграцијата е најдобро средство за да се справиме со национализмот“, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе на средба со бугарскиот претседателот Росен Плевнелиев во Софија, јави агенцијата Фокус.

„Нема никакво сомнение, ниту кај мене, ниту во Европската комисија за
значењето на Бугарија за проширување. Тука сум за да се обидам подобро да ги
дознаам интересите и стравувањата на Бугарија. Тука сум за да утврдиме како
Комисијата би можела да и’ помогне Бугарија, за да го отвори својот потенцијал во однос на политиката на соседство. Би сакал да разговараме и за добрососедски односи во однос на тоа да ги исполниме со содржина за земјите од Западен Балкан, така што сите соседи тука да се чувствуваат удобно на
своето место“, рече Филе.

Шефот на бугарската држава посочил дека официјална Софија не се согласува со дел од Извештајот на ЕК за Македонија. „Според нас, извештајот на ЕК за напредокот не ја одразува соодветно улогата на Македонија во регионалната соработка и состојбата на билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија“, рекол Плевнелиев.

На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, Филе, како што е соопштено во Софија, оценил дека Бугарија има голем потенцијал на Балканскиот регион и Европската комисија има интерес и подготвена е да го поддржи тој потенцијал,

Во соопштението од кабинетот на Борисов, што го пренесува бугарската агенција БТА, се вели дека на средбата станало збор околу проширувањето на ЕУ и политиката на добрососедство на Балканот. Филе притоа ја пофалил избалансираната и добрососедска политика на Бугарија во регионот. Од страна на Борисов, како што се вели, било нагласено дека Бугарија го поддржува зачленувањето на Македонија во ЕУ доколку стриктно се почитуваат сите европски критериуми.

За Македонија се разговарало главно и на средбата на бугарскиот министер за внатрешни работи Николај Младенов со еврокомесарот Филе. Младенов по средбата изјави дека со Филе размениле мислење околу „задршките во бугарското општество поради националистичката политика којашто се води во Скопје“. „Мислам дека се согласивме оти единствениот пат за разрешување на прашањата поврзани со националистичкиот говор е патот на европската интергација“, изјави Младенов.

Претходно, претседателката на Комисијата за европски прашања во бугарскиот парламент, Моника Панајотова, пред Филе, изразувајќи подготвеност за дијалог за да се надминат проблемите, околу Македонија рече: „Националистичката реторика, однесувањето кон граѓаните со бугарска самосвест, административните пречки - тоа не е однесување коешто го очекуваме од држава која сака да го изоди патот на европска интергација.“