1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бугарија и „браќата во Македонија“

Новиот шеф на бугарската дипломатија Вигенин најави безусловна поддршка за Македонија на патот кон ЕУ, а група бугарски интелектуалци потпишаа писмо за поддршка на Скопје. Сега од Софија очекуваат како ќе реагира Скопје.

Десетина бугарски интелектуалци и политичари потпишаа писмо со кое бараат Софија да го поддржи почeтокот на преговорите со Македонија за членство во ЕУ. Меѓу потписниците е и поранешниот пратеник и професор по историја Андреј Пантев.

„Ние треба безусловно и целосно да ги поддржиме нашите браќа во Македонија во нивниот стремеж државата да им стане членка на ЕУ. Нема никакво значење што мислат разни влади и министерства за тоа прашање, тие доаѓаат и си одат, а остануваат братската крв и заедничката историја. Мислам дека и Бугарија треба да добие братска рака од Македонија, но за жал покрај Вардар уште не се дораснати за такво нешто“, смета Пантев.

Тој е еден од 22-та бугарски интелектуалци кои го потпишаа писмото за поддршка кое беше испратено до бугарскиот претседател, парламентарниот

Außenminister Kristian Vigenin, April 2013, Sofia

Кристијан Вигенин

спикер и премиерот.

Кои се бугарските „сонародници“ во Македонија?

Формулацијата 'нашите сонародници во Македонија' може да се покаже и како проблематична смета политологот Марин Лесенски од софискиот Институт „Отворено општество“.

„Во неа не е јасно кои се наши сонародници? Дали се тоа сите граѓани на Македонија или само Македонците со бугарски пасоши? Не е јасно како тоа тврдење ќе мине кај Албанците кои сочинуваат 30 проценти од населението во земјата. Или можеби само се мисли на Македонците со бугарска самосвест? Но како тогаш ќе го сфатат писмото останатите?“, се прашува Лесенски.

Според него, писмото има за цел да го илустрира надворешно-политичкиот пресврт во бугарската политика. Тоа се случува во момент кога новиот шеф на дипломатијата Кристијан Вигенин изјави дека дава безусловна поддршка за македонскиот пат кон ЕУ.

„Повторно сме сведоци на не докрај обмислена промена во бугарската надворешна политика. Нешто слично видовме и во случајот со доказите за учеството на Хезболах во атентатот во Бургас. И во двата случаи нема усогласеност на позициите на министерот Вигенин и на претседателот Росен Плевнелиев“, смета Лесенски. „Јас немам информации дека Плевнелиев го променил ставот во однос на Македонија. Според него, нужни се отстапки од

Skopje 2014 Gebäude der Regierung

Софија очекува одговор од Скопје

двете страни и добра волја од Скопје во развојот на добрососедските односи“, вели тој.

Од друга страна, според овој аналитичар, потезите на Вигенин отвораат и многу други прашања. „Како ќе реагира Бугарија ако од Скопје повторно одговорат со антибугарска пропаганда?“ Лесенски е убеден дека Бугарија треба да го поддржи својот сосед на патот кон ЕУ, но не по секоја цена.
„Софија треба да побара гаранции дека политиката на добрососедство ќе биде категорично поддржана и од Скопје. Засега нема такви гаранции“. Тој вели дека ќе мора да се потпише договорот за добрососедство со кој ќе стави крај на меѓусебни претензии и ги отфрла тврдењата дека Бугарија и досега ставала вето на приближувањето на Македонија кон ЕУ.

Таканареченото утврдување на заеднички позиции со Грција во однос на Македонија „не е бугарска игра“, тврди Лесенски.

Поврзана содржина