1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бугарија го стопира извозот на електрична енергија

Бугарија го запре извозот на електрична енергија бидејќи нема да може да го гарантира покривањето на домашната потрошувачка.

„Поради долготрајните ниски температури во Бугарија го стопираме извозот на електрична енергија од утре од еден часот по полноќ. Таквата одлука е неопходна поради недостаток на домашниот пазар на електрична енергија од околу 400 мегавати на час“, се наведува во вчерашното соопштение.

Бугарија во просек извезува 1.000 мегавати на час во соседните земји Грција, Србија, Македонија и Турција.

Сите резервни капацитети за производство на струја во Бугарија се ангажирани за покривање на домашниот пазар поради ниските температури. Во некои места во северозпадниот дел на Бугарија вчера утрото измерени се минус 28,6 степени Целзиусови.

„Извозот на електрична енергија повторно ќе биде воспоставен кога ќе можеме да го подмириме снабдувањето на домашниот пазар“, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за економија и енергетика.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Б. Георгиевски