1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бугарија вети дека ќе биде послушна

Софија ветува дека ќе се ангажира за подобро спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Една година откако Судот упати критики за начинот на кој се спроведуваат пресудите, земјата вети подобрување.

default

Бугарија под лупа на Советот на Европа

По прв пат Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ), се одлучи да изврши директен притисок врз Бугарија, за таа во целост да ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Имено, во повеќе наврати претставниците на ОМО Илинден-Пирин престојуваа во Стразбург, каде изворно ги запознаа членовите на ПС на СЕ со нивните проблеми за целосно спроведување на пресудите на Судот од Стразбург.

Софија истакнуваше дека пресудите се исполнети со исплаќање на оштетата, додека за регистрацијата не станува збор. До Комитетот на министрите беа доставени и повеќе пратенички прашања, за кои не е постигнат потребниот концензус.

Пред една година, Бугарија и уште 13 држави, од вкупно 47 колку што брои Советот на Европа, меѓу кои Франција и Германија, беа покажани со прст дека кај нив има прекршувања на Конвенцијата за човековите права, и нецелосно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Во таа прилика, посебно беше изразена загриженост за случаите со Италија, Русија, Турција и Велика Британија. За да се наведат сите овие земји да најдат итни решенија за нерешените случаи, беше одлучено врз овие земји да се спроведе дополнителен притисок.

Притисокот се врши преку парламентарната дипломатија и контактите со членовите на националните делегации и мониторинг-посетите на земјите.

Бугарија има „Концепциски документ“

Symbolbild Hammer im Gerichtssaal

Одлуките на Судот за човекови права мора да се почитуваат

Кипарскиот пратеник Кристос Пургуридес, инаку известувач во ПС на СЕ по ова прашање, го инагурира овој процес со посетата на Бугарија од 28 до 29 мај. Во таа прилика тој побара од бугарскиот парламент да ја засили контролата и да проверува до која мера земјата ги спроведува на дело пресудите на Европскиот суд за човекови права.

За време на неговата посета на Софија тој подетално бил запознат со „Концепскиот документ“ на бугарското министерство за правда, кој има за цел да ги разреши значајните проблеми, настанати поради неспроведувањето на пресудите на Судот од Стразбур. Меѓу наведените проблеми се наведени и неколкуте пресуди кои се однесуваат на ОМО Илинден-Пирин и неможноста на оваа политичка партија, која сака да работи на заштитата на правата на македонското малцинство во Бугарија, соодветно да се регистрира.

Сепак, Стразбург смета дека не е доволно само донесување на документи, туку бара и нивно спроведување. Известувачот на ПС на СЕ, Кристос Пургуридес, од Софија добил уверувања дека тоа ќе биде направено.

Ветувањето на Софија дека целосно ќе ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права доаѓа само неколку дена пред Комитетот на Министрите на СЕ да го разгледува предметот ОМО Илинден-Пирин, односно дали Бугарија конечно ја исполнила во целост пресудата донесена на 20 октомври 2005.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Трајче Тосев