1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Бугарите не попуштаат

Бугарите протестираат против новата влада во која доминираат социјалистите. Седми ден по ред во главниот град Софија се собраа илјадници демонстранти. Зад нив застана и православната црква.

Слогани како „Мафија“ и „Оставка“ извикуваат веќе една недела илјадници Бугари, кои се собираат на протести пред парламентот и владините институции во Софија. Тие со погрдни зборови се обраќаат до новата владина коалиција од социјалистите и партијата на турското малцинство (ДПС). Тие бараат оставка на новата влада, само три недели откако ја презеде власта.

Во текот на ноќта демонстрантите ја блокираа најголемата крстосница во главниот град. Нивно главно барање е премиерот Пламен Орешарски веднаш да се откаже од власт и да се организираат нови избори. Исто така во повеќе други бугарски градови се одржаа протестни манифестации. Незадоволството на граѓаните го предизвика именувањето на Делјан Пеевски за шеф на тајните служби. Иако тој не ја прифати функцијата, протестите продолжуваат.

Повеќе од само социјален протест

За разлика од мината зима, луѓето сега не протестираат против високите цени на струјата и ниските плати. „Сега и Бугарите кои се финансиски добро ситуирани излегуваат на улица. Гневот е наосчен против ’корумпираната политичка класа’. „Луѓето се борат за нивните вредности“, појаснува професорот по уставно право Георги Блисначки.

Сепак, премиерот Орешарски се обидува да ја намали лошата социјална состојба во најсиромашната земја на ЕУ. Парламентот усвои пакет со допопнителна социјална помош и олеснувања за претпријатијата. Финансискиот експерт Орешарски не сака да поднесе оставка, за „земјата да не западне во уште поголема криза“, вели тој. Експертите предупредуваат дека политичка дестабилизација би можела да ја наруши инвестиционата клима.

Солидарност од црквата

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ги правдаше протестите на луѓето, кои конечно бараат „праведност и правна држава“. Исто така и Бугарската православна црква се солидаризираше со демонстрантите. „Ако тие чувствуваат дека е повредена правдата, луѓето треба слободно да се изразат дека не се согласни“, се вели со соопштение на поглаварот, патријархот Неофит.