1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бугарите месечно даваат 150 илјади пати мито

Неколку лева за полицијата, малку повеќе за лекарите и уште толку за чиновниците-Бугарите просечно секој месец даваат мито 150 илјади пати. Тоа ги вбројува во групата држави како Романија, Грција, Литванија и Словачка.

Корупцијата е повторно во подем, откако на крајот на 2009 и почетокот на 2010 година забележа мало намалување. Во текот на изминатата година еден од четворица Бугари, кои имале работа со чиновници од администрацијата, дал поткуп за да го забрза процесот. До ваков заклучок дојдоа експертите на софискиот Центар за истражување на демократијата (ЦИД). Нивните заклучоци се темелат на истражувањето спроведено по налог на германската фондација „Фридрих Еберт“. Авторите на студијата со наслов „Корупцијата и антикорупцијата во Бугарија во 2011-2012 година“ дошле до заклучок дека во земјата просечно секој месец се плаќа мито во 150 илјади случаи. Врз основа на таа бројка, корупцијата во Бугарија во моментов е на рамниште кое е некаде на средината од нивото на корупција во периодот од 2005 до 2009 година.

Symbolbild Korruption

Корупцијата е системски проблем, се вели во центарот за истражување на демократијата

„Корупцијата е системски проблем во Бугарија и произлегува од лошата структура на администрацијата. Тој проблем не може да биде решен само со повикување на лична одговорност. Начините на поткуп во државата се такви што дури и многукратното зголемување на капацитетите на правосудниот систем не би можело да обезбеди пресврт во борбата против корупцијата“, вели Александар Стојнов од Центарот за истражување на демократијата.

Неговиот колега Филип Гунев е уште покатегоричен - корупциски дела има 150 илјади месечно, а правосилни пресуди за такво дело само 90 годишно. Експертите од Центарот за истражување на демократијата наведуваат и дека има многу нејаснотии и сиви зони во дејствувањето на новата служба за борба против корупцијата БОРКОР. Таа засега не ги исполнува големите очекувања на општеството, а нејзината досегашна дејност во никој случај не ги оправдува средствата инвестирани за нејзино создавање, велат од Центарот за истражување на демократијата.

Grenze Grenzübergang Bulgarien Türkei Schengen Außengrenze Kapitan Andrejewo Thrakien

Царината е една од трите најкорумпирани институции

Според податоците на Евробарометар, корупцијата во Бугарија во периодот 2009-2011 година е на ниво како во Романија, Грција, Литванија и Словачка. Во многу делови, како корупцијата кај царината, судството, здравството, полицијата, образованието, бугарските показатели се некогаш и до два пати поголеми отколку централноевропските.

„Во Бугарија бев пред 20 години и ако го споредам тогашниот впечаток за корупцијата со сегашниот, можам да кажам дека има разлика. Но, тоа може да се отслика со подобрувањето на состојбата на болен човек, чија телесна температура од 40 паднала на 38,5 степени. Напори за лекување на ’болниот’ имаше и пред приклучувањето на Бугарија кон ЕУ и потоа. Проблемот е што мерките против корупцијата се преземаат ’на парче’, а напорите во таа насока не се централизирани, туку се оставени во рацете на мноштво институции и комисии“, оценува Регине Шуберт, раководител на софиската канцеларија на фондацијата „Фридрих Еберт“.