1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бугарите бараат вистински промени, наместо „шминка“

По масовните протести во земјата, бугарскиот претседател Плевнелиев одлучи да се формира преодна влада која ќе треба да организира нови избори. Нов премиер ќе биде Марин Рајков, а изборите ќе се одржат на 12 мај.

Двајца млади луѓе се самозапалија за време на протестите во Бугарија. Од пред еден месец, илјадници Бугари демонстрираат во големите градови. На почетокот се работеше за зголемувањето на цените на струјата и греењето и против големите монополи на енергетскиот пазар. Во меѓувреме, демонстрантите бараат промена на системот и детална проверка на транзицијата по падот на комунизмот во 1989 година.

„Улиците“, како што се нарекуваат протестите во Бугарија, имаат многу различни и понекогаш контрадикторни барања. Се бара затвор за транзициските политичари, подржавување на енергетските гиганти и запирање на приватизацијата, нов Устав и излегување од ЕУ. И покрај тоа што демонстрантите не се обединети во барањата, во едно се едногласни: тие се против се‘ поголемата нееднаквост во Бугарија. Константин Пенчев, почитуваниот бугарски омбудсман, ја сумира состојбата:

„Чувството дека нема правда е она што ги доведе демонстрантите на улиците. Мнозинството граѓани со кои разговарав не се жалат дека ние сме најсиромашните во Европа, ниту од кризата или невработеноста. Не, мнозинството се бесни поради недостигот на праведност и транспарентност“.

Никој нема лек за сиромаштијата

Но во крајна линија сепак станува збор за големата сиромаштија и мерките за

Bulgarien Marin Raikov

Новиот премиер Марин Рајков

штедење кои владата во заминување ги договори со Брисел. Во јули 2009. Бојко Борисов и неговата десно-центристичка Герб-партија победија на изборите во земјата со ветување дека ќе се борат против неправдите и ќе ја подобрат економијата. Сега, под притисок на протестите, владата мораше да си замине. Шефот на државата Росен Плевнелиев, кој и самиот беше дел од Герб и беше министер во владата на Борисов денеска треба да именува техничка влада која треба да организира предвремени избори.

Аналитичарите се согласни дека најважната задача за преодната влада ќе биде токму тоа: да организира фер и демократски избори на 12 мај. Социологот Петер Емил Митев додава: „Владата ќе мора да одржи тешки преговори со демонстрантите. Луѓето се налутени и гневни“.

Еден поранешен светски првак во пливање и познат ловец на криминалци како нови министри во владата треба да обезбедат поголеми симпатии во дијалогот со демонстрантите. Досега, гласноговорниците на демонстрантите оценуваа дека изборите ќе бидат нелегитимни и нефер. Во секој случај нивниот гнев ќе може да биде канализиран преку овие избори. Според последните анкети, води Герб на Борисов, а веднаш зад неа се социјалистите. Влез во новиот парламент со сигурност ќе обезбеди и малата партија на турското малцинство, а најверојатно и либерално-конзервативната партија на некогашната комесарка на ЕУ Меглена Кунева.