1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бубрези на понуда

Во светот се‘уште постојат многу повеќе потенцијални приматели на органи отколку донатори. Тоа е подно тло за илегална трговија од која најмногу страдаат најсиромашните.

Виру има 12 години и живее во мало село во Индија. Во селото, три часа оддалечено од Њу Делхи, децата често завршуваат како робови. Таков е случајот со Виру. Неговото семејство него го продало за 250 рупии, односно 38 евра. Оттпгаш работи во една работилница-лепи лажни етикети Гучи на фалсификувани женски чанти. Неговата норма е најмалку 220 парчиња дневно, инаку ќе има проблеми со сопственикот. Виру сепак мечтае за иднината.

„Кога ќе пораснам, ќе станм богат, зашто ќе продадам еден бубрег и потоа нема да мора да работам“, вели најсериозно. И неговиот татко, кого не го видел три години, го направил истото.

Индиски бубрег за илјада долари

Продажбата на сопствени органи многумина во сиромашните индиски села или сламовите во големите градови ја гледаат како единствена можност за излез од бедата. Во овие кругови се раскажува дека за еден бубрег можете да добиете 55 илјади рупии (околу 8 илјади евра). Зa некои ова изгледа како вистинско богатство. Трговијата со човечки органи во Индија е забранета, а законот неодамна е пропирен со тоа што затворската казна за прекршителите е зголемена на 5 години, но тие мерки немаат никаков ефект. Зделките со човечки органи се премногу вносни за да бидат спречени со овие казни. Освен тоа, законот може да се заобиколи така што донаторот „доброволно“ ќе подари свој орган на некој „пријател“. Трговијата со органи на црниот пазар цвета, а со него и туризмот поврзан со оваа „медицинска услуга“. На меѓународниот пазар се етаблирани и цените кои зависат од потеклото на органот. Така еден индиски или африкански бубрег чини се‘ на се‘ околу илјада долари. Бубрег од Романија или Молдавија пак е поскап-околу 2700 долари. Во САД на една трансплантација на бубрег се заработува најмалку 20 илјади долари.

Бубрези „на црно“

Светската здравствена организација уште во 2007. година процени дека 5 проценти од сите трансплантации на органи на светот потекнуваат од „црниот пазар“. Тоа конкретно значи 20 илјади бубрези годишно.

А потрошувачката расте зашто населението на Запад е се‘ постаро. Моментно над 40 илјади луѓе во Европа чекаат на трансплантација на бубрег. Во Германија во 2011. година се пријавени 2800 легални трансплантации, на листата за чекање има уште осум илјади пациенти. Во таква ситуација не е чудо што многумина „се снаоѓаат“ на црниот пазар. Германскиот неделник „Шпигел“ неодамна бјави приказна за германски бизнисмен кој купил бубрег од руска доселеничка. Лекарот кој ја извршил трансплантацијата веќе имал „на црно“ пресадено над четири илјади бубрези. Него власта го бара со меѓународна потерница.

Arzt hält Herz während Transplantation

Огромни разлики

Додека во светот владеат неверојатни социјални разлики, олегалната трговија со органи нема да запре. Хуманитарната организација „Орган воч“ типичните приматели на органи ги опишува како маж на 48 години, од САД, Саудиска Арабија или Австралија, со просечни годишни примања од околу 53 илјади долари. Типичните даватели на органи доаѓаат од Индија, Кина, Молдавија или Бразил, имаат 28 години, годишно заработуваат околу 480 долари. Од овие податоци е јасно дека трговијата со органи нема скоро да престане, тоа е добро разработена работа што е тешко да се контролира.