1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бруто социјална среќа

Постојано се објавуваат некакви нови статистики: за растот на економијата, за приходите по жител или за бруто социјалниот производ. Но, што би било кога би се мерело колку едно општество е навистина среќно?

default

Кралот на Бутан

Мала земја на Хималаите, опколена со Индија и Кина, обележана од будизмот и монархијата и татковина на околу 700.000 луѓе. Тоа е Бутан. Бутан е мирна земја, кога станува збор за големата светска политика, таа ретко се појавува во вестите на големите медиуми надвор од Јужна Азија. И покрај тоа, земјата има една карактеристика со која го привлекува вниманието на светот: „Кралот на Бутан стана меѓународно познат по тоа што смета дека клучна вредност за развој на земјата не треба да биде бруто домашниот производ, туку бруто социјалната среќа“, вели економистот Тобијас Фаф.

Бруто социјална среќа? Секој граѓанин има право на среќа – така е запишано црно на бело во уставот на Бутан. Но, како владата ќе обезбеди среќа за целата нација, ако не може да се ориентира на дивиденди, обрт на средства и книги со упатства?

Чувството на среќа поврзано со споредувањето

Комплетноста е многу важен збор на патот кон повеќе среќа во Бутан. Наместо постојаната борба за побрз раст на економијата, треба да се зајакнат и задржат некои други, традиционални вредности. Заштитата на животната

Bhutan, Buddhistische Mönche

Будистички монаси во Бутан

средина, на пример, е поважна од можните приходи од туризмот, и затоа цените се високи за туристите и не е едноставно да се добие виза. До неодамна затворената земја, мошне полека и претпазливо, се отвора кон надвор: од пред изесно време бутанските телевизии емитуваат програма и во соседните земји. Сепак, тоа не придонесува за среќа, смета Тобијас Фаф: „Чувството на среќа е многу поврзано со споредувањето: ако другиот има повеќе од мене, тогаш мене не ми е доволно ова што го имам. Ако имам малку, а другите имаат уште помалку, тогаш се чувствувам добро. Во моментов, тоа во Бутен се менува. Луѓето секогаш го гледаат тоа што го немаат."

Комплетна евалуација се‘ уште нема

За да дознаеме колку сме среќни, истражувачите и натаму

DW-Akademie Bhutan BBS3

„Секој мора сам да си ја пронајде својата среќа“

прибегнуваат кон бројки и статистики: тие бројат колку често се смееме, или изготвуваат анкетни листови во кои чувството на среќа треба да се претстави на една скала. Тобијас Фаф помогнал во интерпретацијата на овие статистики во Бутан, но една комплетна евалуација се‘ уште не постои.

Останува отворено прашањето дали, по сила на уставот, Бутанците навистина се среќни. На крајот на краиштата, како што додава Тобијас Фаф, секој мора сам да си ја пронајде среќата.

Автор: Ања Кох / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска