1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

„Брутален начин да се откочи процесот на демократизација на босанското општество“

Дарјан Билиќ, долгогодишен активист во невладиниот сектор и учесник на демонстрациите во Сараево, за босанската редакција на Дојче веле зборува за причините за протестите и ефектот од нив.

ДВ: Вие сте долгогодишен активист во невладиниот сектор и учесник на бројни демонстрации. Кој стои за овие немири?

Билиќ: Зад немирите стојат гладните луѓе. Ова во Сараево денеска беше еден од најмалите собири во БиХ. Во Брчко луѓето, околу 2 до 3 илјади, го заробија градоначалникот, во Горажде имаше меѓу 7 и 10 илјади демонстранти. Мислам дека само гладниот стомак ги натера на ваков чин. Во наредните денови би можело да се зборува за пропусти, причини и последици, но мислам дека е ова општонародна буна.“

Постојат ли луѓе кои би можеле да ги поврзат незадовлнитее граѓани на БиХ и да ги дефинираат нивните цели?

Билиќ: Сега е малку прерано да се зборува за тоа. Во Тузла постојат барања и тие се поклопуваат со оние во Сараево. Се бара пуштање на слобода на уапсените демонстранти и да поднесе оставка оној кој на полицијата и‘ наредил да тепа деца во Тузла.Мора да бидете свесни дека во БиХ оваа година се одржуваат избори. Некоја политичка струја или партија може ова да го искористи за свои политички цели. Луѓето мора да бидат свесни за тоа и мора да се држат настрана од такво нешто. Мој став е дека е ова брутален начин за откочување на процесот на демократизација на ова општество.“

Дали би можело да се очекува „украинско сценарио“ и судир од поширокки размери меѓу власта и демонстрантите?

Билиќ: Со оглед на тоа што се‘ трае три дена може да се лучи сето ова да ескалира за неколку дена. Ситуацијата е многу полоша во малите средини, зашто луѓето таму се навистина гладни. Ако е ова почеток на класна борба во БиХ, може да кажам дека му се радувам на тоа време во кое ќе имае класна, а не верска или национална војна.“

Дали протестите би можеле да ги обединат народите во БиХ?

Билиќ: Се разбира. Кога луѓето се гладни, тие забораваат на нација и боја и сите се еднакво гладни. Тоа е можеби и единствен начин да сфатиме дека сите сме со исти прблеми и дека мора да тргнеме кон нешто поинакво и подобро.