1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бруно ја ремети идилата на алпската република

Новиот филм на британскиот комичар Саша Барон Коен започна да се прикажува во кината во Европа. Неговиот лик, Борат стана светски хит. Овојпат Коеновото алтер его е австрискиот моден репортер и хомосексуалец- Бруно.

default

Саша Барон Коен како Бруно

Австриската телевизија вели дека за филмот на Саша Барон Коен „Бруно“ има големи очекувања но и стравувања. Да, навистина постои мала нервоза дека Бруно би можел да биде лоша вест за имиџот на Австрија.

Непристоен и невкусен хумор?

Brüno - Schauspieler Sacha Baron Cohen

Бруно на премиерата во Лос Анџелес

Бруно не носи многу облека. Всушност неговите кожни панталони се со извонредно мали димензии. И ако Австриците се познати по нивниот релаксиран став кон сексот, тие не се толку толерантни за стереотипите на Бруно. На пример Бруно вели дека би сакал да стане најпознатиот Австриец по Хитлер. Тој исто така вели дека сака на Австријците да им покаже алтернативен начин на живот: „Треба да покажам алтернатива за австрискиот сон. Знаете, најди работа, најди зандана и одгледај семејство во неа.“

Ова е алузија на последниот озлогласен случај на Јозеф Фрицл, Австриецот кој долги години ја чувал својата ќерка затворена во подрум и со која имал повеќе деца.

Амбасадорот на Австрија во Лондон Емил Брикс, вели дека хуморот на Коен е непристоен и невкусен. Но филмскиот критичар Петра Ердман, смета дека реакциите се претерани: „Политичарите не сакаат шеги за нивните земји. Така беше и со Борат. Политички коректни луѓе велеа дека не може да се прават шеги со мали сиромашни земји.“

Бруно дефинитивно ќе насмее и многу Австријци

Австриските медиуми наголемо шпекулираат дека ликот Бруно е базиран на забавувачот и миленик на публиката Алфонс Хајдер.

Sacha Baron Cohen stellt neuen Film Brüno vor pixel

Бруно во Мадрид

Тој е добро познат актер и водител на телевизиски емисии. Хајдер кој отворено вели дека е хомосексуалец е релаксиран околу сатиричниот приказ на хомосексуалноста: „Има две споредби. Јас сум Австриец и јас сум хомосексуалец. И немам проблем со тоа. Мислам дека е забавно и сметам дека тој е голем комичар.“

Но дури и човекот кој можеби бил инспирација за ликот Бруно се чувствува малку непријатно кога стереотипите ги врзуваат Австриците за нацистичкото минато: „Работата со хомосексуалноста е веројатно во ред, но работата со нацизмот не сум сигурен дека ќе ни се допаѓа. Мене лично не ми се допаѓа дека во мојата земја постојано се вперува прстот.“

Значи кај Австријците постои загриженост дека Бруно би можел во очите на светот да ја замени идиличната претстава за Австрија. Но, според амбасадорот Брикс нема планови за анти- Бруно кампања во земјата. Австријците немаа проблеми да се смеат на Борат, а многу од нив добро ќе се насмеат и на Бруно. Но, некои од нивните родители би можеле да имаат проблеми со сфаќање на шегите.

Автор: Кери Скајринг / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска