1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бројот на невработени во Германија во пораст

На крајот од минатата година зголемен е бројот на лица кои останале без работа во Германија. Експертите оценуваат дека порастот на невработеноста не е толку голем како што се очекувало.

Германската сојузна агенција за вработување со седиште во Нинберг информираше денеска дека во декември минатата година 2.873.000 лица биле без работа, што претставува пораст од 67.000 луѓе во однос на претходниот месец или пораст од 33.000 лица без работа споредено со истиот месец во 2012-та година.

Deutschland Bundesagentur für Arbeit Frank-Jürgen Weise

Франк-Јирген Вајзе

Од Агенцијата информираат дека во декември споредено со ноември е забележан пораст во бројот на невработени во сите германски сојузни покраини, со исклучок на Хамбург и Северна Рајна Вестфалија. Шефот на Германската сојузна агенција за вработување Франк-Јирген Вајзе информираше дека податоците не се причина за аларм.

„Бидејќи бројката на невработени луѓе благо порасна во декември, па порастот не е нешшто невообичаено за тој месец“, нагласи Вајзе. Тој смета дека поради поволните временски услови бројни сезонски работници можеле да работат и во декември, па бројката на невработени и не е толку голема колку што се очекувала.

Но, ако се погледне целата 2013-та година, тогаш бројките покажуваат дека невработеноста е зголемена за првпат од 2009-та година, кога 53.000 лица повеќе бараа работа, или бројот на невработени изнесуваше 2.95 милиони.

Deutschland Azubis Berlin 2005

Повеќе обуки за полесно снаоѓање на пазарот на трудот

Вајзе оцени дека 2014-та година ќе биде година на предизвик за Агенцијата која ја раководи. Таа ќе се обиде да им помогне при наоѓањето работа на лицата кои подолг период се невработени и ќе се погрижи „тие да останат на добро работно место“. Предизвик ќе бидат и младите лица кои за првпат влегуваат на пазарот на труд и наоѓаат работа. Барателите на работа би требале да добијат подобри обуки за снаоѓање на пазарот на трудот.